Состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот: Инфектирани се над 7,7 милиони лица

Во САД кадешто починаа над 116 илјади лица, Центарот за контрола и спречување на болести (CDC) соопшти дека до 4 јули се очекува човечките загуби да достигнат до 130 илјади лица

1434965
Состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот: Инфектирани се над 7,7 милиони лица

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 428 илјади 920 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 7 милиони 774 илјади, а досега оздравеа и повеќе од 3 милиони 987 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Во САД кадешто починаа над 116 илјади лица, Центарот за контрола и спречување на болести (CDC) соопшти дека до 4 јули се очекува човечките загуби да достигнат до 130 илјади лица. 

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо привлекувајќи внимание дека бројот на новите случаи на зараза во голем број сојузни држави почна да се зголемува на рекордно ниво, го рече следното: „Ние бевме сојузна држава во САД и општо во светот кадешто вирусот се ширеше најбрзо по лице, сега пак сме сојузна држава со најнизок процент на инфектирани во споредба со другите сојузни држави во САД.“

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД изнесува 116.825 лица, на инфектираните се зголеми на над 2 милиони 116 илјади, а досега оздравеа и повеќе од 841 илјада 934 заболени од вирусот. 

Eпицентар на коронавирусот во САД, макар и со помал интензитет сѐ уште е Њујорк, каде се заразени повеќе од 402.914 лица, од кои 30.824 починаа. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, за еден ден животот го згаубија уште 909 лица со што бројот на починатите од вирусот се зголеми на 41.901, на инфектираните достигна до 829.902 лица, а досега оздравеа 427.610 лица. Заедно со брзиот пораст во бројот на смртните случаи во земјата се појави и потреба од место за нови гробови за закопување на мртвите поради што за да се отвори место во гробиштата ќе бидат ископани посмртните останки на мртвите од старите гробишта коишто потоа ќе се чуваат во контејнери.  

Во Велика Британија, која е епицентар на глобалната епидемија во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.481, додека бројот на случаите на зараза достигна до 292.950 лица.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 56 лица во изминатите 24 час, се зголеми на вкупно 34.223, а на инфектираните заедно со уште 393 новозаразени се искачи на вкупно 236.305 лица.

Во Франција, со смртта на уште 28 заболени во изминатите 24 часа, бројот на починатите се зголеми на вкупно 29.374 лица, додека бројот на случаите на зараза со раст за 726 лица се искачи на 193.692 лица. Внатрешните европски граници на земјата коишто беа затворени поради епидемијата ќе бидат отворени на 15 јуни, а надворешните европски граници ќе почнат да се отвораат постепено почнувајќи од 1 јули.

Во Шпанија, 5 дена како не е соопштен нов смртен случај од Ковид-19, така да според Министерството за здравство кое ги ревидира претходните податоци бројот на починатите изнесува вкупно 27.136 лица. Се истакнува дека се регистрирани 155 новозаразени, со што бројот на инфектираните се зголеми на 243.209 лица. Во Шпанија кон процесот наречен „нова нормала“ на 15 јуни ќе премине само автономната област Галиција во северозападниот дел на земјата кадешто живеат 2,7 милиони лица, додека почнувајќи од тој датум ќе биде отворена само северната копнена граница со Португалија и ќе се дозволи влез на германски туристи на Балеарските острови кои се избрани за пилот област во туризмот. 

Во Португалија, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загуби уште едно лице со што бројот на починатите се зголеми на вкупно 1.505, додека заедно со уште 270 регистрирани новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 36.180 лица.

Во Шведска, која брои 10 милиони жители бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 4.854, а на случаите на зараза на 49.684 лица.

Во Норвешка, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 242, додека на случаите на зараза на 8.608 лица. 

Во Финска, починаа 325 лица, а се инфектирани 7.073.

Овие две скандинавски земји, Норвешка и Финска, донесоа одлука почнувајќи од понеделник да ги отворат своите граници за сите соседни земји, со исклучок на Шведска што пак, стана причина за реакција кај оваа земја.

Во Мексико, кадешто досега починаа 16.450, во некои сојузни држави е дозволени да бидат отворени хотелите, рестораните и фабриките.

Во Белгија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 изнесува 9.650, додека бројот на случаите на зараза со раст за уште 99 новозаразени се зголеми на 59.918 лица. 

Бројот на човечките загуби во некои други западни земји е вака: Германија 8.863, Еквадор 3.828, Перу 6.308, Чиле 2.870.

Во Република Северна Македонија, денеска (13 јуни) заврши вонредната состојба којашто беше прогласена за прв пат на 18 март а потоа беше продолжена во рамките на борбата против Ковид-19. Претседателот Стево Пендаровски, изјави дека нема потреба да прогласи нова вонредна состојба во земјата.

Инаку, во Северна Македонија во последните денови повторно почна да се зголемува бројот на случаите на зараза и на смртните случаи. Бројот на починатите се зголеми на 171, а на инфектираните достигна до 3.701 лице. 

Во Канада, кадешто животот го загубија 8.049 лица, во сојузната држава Онтарио по одлуката за повторно отворање по изминати 3 месеци на верските објекти коишто беа затворени поради епидемијата, се клањаше првиот џума намаз (петочната молитва) и во џамиите и месџидите.



Слични вести