Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1434968
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 428 илјади, на случаите на зараза се зголеми на над 7 милиони 739 илјади, а досега оздравеа и повеќе од 3 милиони 966 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на коронавирусот, кадешто починаа 4.634 лица во изминатите 24 часа се регистрирани 11 новозаразени. Во четвртокот беше затворен најголемиот пазар на големо во главниот град Пекинг кадешто кај тројца вработени лица беше утврден Ковид-19. Пазарот ќе се дезенфектира и ќе бидат направени тестови на сите вработени. Во меѓувреме, под преземени превентивни мерки почнаа да одат на училиште повеќе од 197 милиони ученици.

Во Јужна Кореја, заедно со 48 новоинфектирани случаи бројот на случаите на зараза се зголеми на 12.051 лице.

Во Иран, од Ковид-19 починаа вкупно 8.730 лица, додека претседателот Хасан Рухани привлече внимание дека процентот на придржување кон правилата на социјално растојание од 80 отсто почнуваји од овој месец опадна на 20 отсто. Рухани рече: „Доколку западне во опасност здравјето на нашиот народ ќе бидеме приморани повторно да ги воведеме огрнаичувањата.“

Во Русија, бројот на смртните случаи во последниот ден со раст за 114 лица се зголеми на 6.829, а на случаите на зараза со раст од 8.706 лица се искачи на вкупно 520 илјади 129. Руската вицепремиерка Татјана Голикова истакна дека според класификацијата предложена од страна на Светската здравствена организација (СЗО) бројот на директните смртни случаи од Ковид-19 во месец април изнесува 1.660, а бројот на индиректните смртни случаи изнесува 1.052 лица. Гликова наведе дека 1.052 лица биле инфектирани од Ковид-19, меѓутоа причина за нивната смрт се хронични болести. Според претходно објавените соопштенија од Центарот за контрола и спречување на инфекцијата од коронавирусот во Русија, бројот на починатите од Ковид-19 во земјата во текот на месец април изнесуваше 1.56 лица.  

Во Ирак, во изминатите 24 часа починаа уште 39 лица со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 496, а со регистрирани уште 95 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 17.770 лица.

Во Сингапур, кадешто животот го загубија 25 лица, бројот на случаите на зараза со раст за уште 347 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 40.197.

Во Бангладеш, има 1.139 починати, додека во последниот ден се регистрирани уште 2.856 новозаразени со што вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 84.379.

Багладеш, во бројот на инфектираните од Ковид-19 ја остави зад себе и Кина, изворната земја на глобалната епидемија.

На континентот Африка досега се регистрирани 6.080 смртни случаи, а бројот на случаите на зараза надмина 227 илјади лица.

Земји во Африка со најголем број случаи на зараза редум се Јужноафриканската Република, Египет, Нигерија, Гана, Алжир и Камерун.

Најголем број смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Египет, Јужноафриканската Република, Алжир, Судан, Нигерија, Камерун и Фас.

На Сејшелите не е останат ниту еден активен случај на зараза од Ковид-19, додека освен во оваа островска земја на Африка досега не регистриран ниту еден смртен случај во Еритреја, Уганда, Мамибија и Лесото.

Во Јужноафриканската Република, од Ковид-19 починаа 1.284, додека од регистрирани 58.568 позитивни случаи досега оздравеа 33.252. 

Најголем број тестови за новиот тип коронавирус (Ковид-19) на континентот Африка се направени во Јужноафриканската Република кадешто се тестирани 1 милион 28 илјади 399 лица.

Во Саудиска Арабија, од епидемијата во изминатите 24 часа починаа 36 лица, а се регистрирани 3.921 нови случаи на зараза. Бројот на смртните случаи во земјата изнесува 893, а 119.942 се заразени.

Во Либија пак, досега починаа 6 лица, додека бројот на случаите на зараза се искачи на 409.

Во Индија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 8.890 лица, во Пакистан на 2.551, Филипините 1.074, Јапонија 940, Белорусија 298, Обединетите Арапски Емирати 287, Мароко 212, Оман 99, Катар 70, Бахреин 37, Непал 18.

 



Слични вести