Грција во периодот на епидемијата на Ковид-19 препушти на смрт 1.080 мигранти

Грција во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) препушти на смрт 1.080 мигранти

1435221
Грција во периодот на епидемијата на Ковид-19 препушти на смрт 1.080 мигранти

Грција својот остар и безмилосен став против нерегуларните мигранти и бегалците го продолжи и за време на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Грчките безбедносни сили во текот на 97 дена препушти на смрт 1.080 нерегуларни мигранти кои ги "турна назад" (ги врати присилно) кон турските територијални води.

Борбата што ја водат нерегуларните мигранти кои бегајќи од граѓанската војна во Сирија се обидуваат да заминат за Европа, продолжи и во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Грција пред очите на светската јавност ги прекршува човековите права и не им дозволува на мигрантите да влезат на нејзини територии. 

Во текот на периодот на епидемијата кога погледите беа свртени кон Ковид-19, Грција искористувајќи ја и оваа прилика ги заостри своите интервенции врз мигрантите и бегалците. 

Во првите 5 дена од месец јуни од страна на грчките безбедносни сили беа "турнати назад" (присилно вратени) кон турските територијални води 295 нерегуларни мигранти.

Во текот на периодот на епидемијата на Ковид-19 во месец март беа присилно вратени (турнати назад) од копнените и поморските граници на Грција 66, во април 165 и во мај 554 нерегуларни мигранти. 

 

 



Слични вести