Реакција од ОН против Грција која ги турка назад кон Турција нерегуларните мигранти и бегалците

Портпаролката на УНХЦР Бабар Балоч на одржаната прес конференција во канцеларијата во Женева информира дека постои сериозен раст во извештаите во однос на тоа дека се „туркани назад“ (присилно враќани) луѓето кои сакаат да прреминат во Грција

1434876
Реакција од ОН против Грција која ги турка назад кон Турција нерегуларните мигранти и бегалците

Високиот комесаријат на Обединетите нации (УНХЦР) покажа реакција против ставот на Грција кон нерегуларните мигранти и бегалци кои од своите поморски и копнени граници ги „турка назад“ (присилно враќа) во Турција.

Портпаролката на УНХЦР Бабар Балоч на одржаната прес конференција во канцеларијата во Женева информира дека постои сериозен раст во извештаите во однос на тоа дека се „туркани назад“ (присилно враќани) луѓето кои сакаат да преминат во Грција.

Според добиени информации, Балоч рече дека некои групи откако ќе пристигнат на грчките територии оттаму се враќаат назад во Турција и напомена дека се појавуваат бројни вести околу тоа дека грчките власти од копнените и поморските граници на земјата ги „туркаат назад“ на турска страна нерегуларните мигранти и бегалците.

Упатувајќи повик до грчката Влада да започне истрага во однос на овие тврдења, Бабар Балоч го рече следното: „УНХЦР своите грижи во врска со овие видови вести ги сподели постојано со грчката Влада и упати повик за започнување на итни истраги за тврдењата коишто се потпираат на граѓански организации и директни сведоштва. И покрај сето тоа, продолжува растот на вестите во врска особено со туркањата назад.“ 

Велејќи дека секоја земја располага со право да ги брани своите граници, Балоч го достави следното предупредување: „Меѓутоа, постоечките тврдења се во спротивност со меѓународните обврски на Грција и овие луѓе се оставаат подложени на сериозни опасности.“

Портпаролката на Високиот комесаријат на Обединетите нации (УНХЦР) Бабар Балоч воедно ја повика Грција да покажува почит кон меѓународните човекови права и стандардите на заштита на бегалците.“



Слични вести