Пронајдени масовни гробници со измачувани, изгорени и егзекутирани мртви тела во Либија
Обединетите нации соопштија дека во последно време во земјата се пронајдени 8 масовни гробници од кои повеќето во градот Терхуне кој од страна на милициските сили на Хафтар беше користен како оперативен и логистички центар

Откако милициските сили на Халифа хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, во последно време почнаа да доживуваат тешки загуби на теренот и со тоа почнаа да се повлекуваат од некои области, почнаа да се појавуваат на светлината на денот и злосторствата коишто ги извршија милициските сили на Хафтар во овие области кадешто се пронајдени масовни гробници.
Според податоците соопштените податоци на Обединетите нации, во последно време во земјата се пронајдени 8 масовни гробници од кои повеќето во градот Терхуне кој од страна на милициските сили на Хафтар беше користен како оперативен и логистички центар.
Откако либиската армија на 5 јуни ја воспостави контролата во Терхуне кусо време потоа во една болница во градот се пронајдени 106 мртви тела на цивили кај кои на некои се утврдени траги од измачување и егзекуција.
Како што се истакнува, некои од пронајдените мртви тела им припаѓале на жени и деца.
Силите лојални на либиската Влада за време на активностите за пребарување на теренот во градот и околината, пронајдоа мртви тела кои биле фрлени во бунари, биле изгорени во контејнер и биле закопани на едно земјиште.
Според податоците споделени од страна на Министерството за внатрешни работи на Либија, за истражување на случувањата во градот Терхуне е формирана истражна комисија од страна на Министерството за правда.
Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (УНСМИЛ), исто така повика на истрага за масовните гробници и злосторствата во Терхуне.
Мисијата соопшти дека пронајдените масовни гробници во градот Терхуне и во другите области се регистрирани како „ужасни“.
„Добивме ужасни (застрашувачки) извештаи за масовните гробници. Меѓународното право бара властите да спроведат брза, ефикасна и транспарентна истрага за нелегалното страдање на луѓето“ - се вели во упатениот повик од страна на Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (УНСМИЛ).