Билансот на Ковид-19 во светот: Над 421 863 смртни случаи

Бројот на заразените над 7 550 000, а на оздравените над 3 825 000.

1434492
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 421 863 смртни случаи

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 421 863, на заразените над 7 550 000, а на оздравените над 3 825 000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во псоледните 24 часа се зголеми за 53 и изнесува 34 167, додека на инфектираните со пад на 1 073 се намали на 30 637. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 во земјата изнесува 236 142, додека бројот на новоинфектирани изнесува 379. Министерот за здравство Роберто Сперанца во говорот на седницата на Претставничкиот дом на Парламентот рече дека коефицинетот на заразување на вирусот (Рт) во земјата се намали под 1 и потенцираше дека се додека не се изнајде вакцината, никој не е безбеден.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 27 и изнесува 29 346, додека бројот на инфектираните со раст од 546 се зголеми на 192 966.

Од Шпанија нема извештај за бројот на смртните случаи и заразените во последните 4 дена. Според ревидираните податоци на Министерството за здравство на оваа земја од минатото и критериумите коишто ги промени, бројот на смртните случаи во земјата остана на бројка од 27 136, додека неделниот број на смртни слуачи соопшти дека изнесува 32. Бројот на новите случаи изнесува 156, додека вкупниот број на инфектирани изнесува 242 707.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија во псоледните 24 часа се зголеми за уште 7 и изнесува 1 504, додека бројот на новите случаи со раст од 310 се зголеми на 35 910.



Слични вести