Ангела Меркел и Ши Џинпинг одржаа средба преку видеоконференција

Според објавеното писмено соопштение од страна на портпаролот на германската Влада Стефен Сеиберт, германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот претседател Ши Џинпинг остварија средба преку видеоконференција

1434627
Ангела Меркел и Ши Џинпинг одржаа средба преку видеоконференција

Германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот претседател Ши Џинпинг разговараа преку видеоконференција за економски, трговски и меѓународни прашања.

Според објавеното писмено соопштение од страна на портпаролот на германската Влада Стефен Сеиберт, германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот претседател Ши Џинпинг остварија средба преку видеоконференција.

Од германска страна на средбата присуствуваше и министерот за економија и енергија Петер Алтмаер и беа разгледани економски, трговски и меѓународни прашања.

На средбата, германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека Германија е заинтересирана за мултилатерална слободна трговија којашто се потпира на правила, зајакнување на Светската трговска организација и за стабилни билатерални односи, а воедно укажа на потребата од фрлање на напредни чекори по прашањата на пристапот до пазарите и еднаквиот приод кон странските компании.

Меркел рече дека во тие рамки претставува значаен елемент на соодветен договор за инвестирање за којшто се има за цел да се потпише помеѓу Европската унија (ЕУ) и Кина.

На средбата, Меркел и Џинпинг ги разгледаа и соработката во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), прашања посветени на човековите права и ситуацијата во Хонгконг.

Пред средбата, помеѓу Германија и Кина беа потпишани 3 договори.



Слични вести