Протест против расизмот и дискриминацијата во Амстердам, Холандија

Илјадници лица од различна верска и расна припадност во знак на протест против дискриминацијата и расизмот во Холандија се собраа во паркот Нелсон Мандела во холандскиот главен град Амстердам

1433638
Протест против расизмот и дискриминацијата во Амстердам, Холандија

Во главниот град на Холандија, Амстердам, различни малцински групи и активисти одржаа протест против расизмот и дискриминацијата.

Илјадници лица од различна верска и расна припадност во знак на протест против дискриминацијата и расизмот во Холандија се собраа во паркот Нелсон Мандела во Амстердам.

Демонстрантите во своите раце носеа транспаренти со написи како „Животот на црнците е важен“, „Молкот на белците е зулум“, „Не можам да дишам“, „Ако нема правда, нема ниту мир“, „Не за полициското насилство“, „Сопри го расизмот“, „Сопри ја исламофобијата“, „Сите сме еднакви“, „Расизмот не е идеја“.

Учесниците на протестот исто така извикуваа и слогани „Речи не за расизмот“ и „Животот на црнците е важен“.

На протестот освен голем број Холанѓани учествуваа и демонстранти од различна етничка и верска припадност кои заеднички ја дадоа пораката „Не за расизмот, дискриминацијата и исламофобијата“.

Во одржаните говори пред насобраните беше укажано на тоа дека расизмот во светот се уште продолжува и беше потсетено дека холандската полиција врши дискриминација против Суринамците и африканските и муслиманските групи.

Во одржаниот говор во име на муслиманските малцинства беше наглсено дека целото човештво потекнува од една иста лоза, од Адам, и дека сите луѓе се еднакви.

За време на протестот демонстрантите го почитуваа правилото за поставување на социјално растојание кое што се применува поради епидемијата на новиот тип коронавирус.

Инаку, протестот којшто беше одржан минатата недела стана причина за појава на критики поради тоа што не се почитуваше правилото за социјално растојание.

Протестот во холандскиот главен град Амсетрдам на кој беа ангажирани мал број полицајци, заврши без инциденти.

 



Слични вести