Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1433577
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот достигна до 420 илјади лица, на случаите на зараза надмина 7 милиони 500 илјади 340, а досега оздравеа и над 3 милиони 806 илјади 940 заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Иран, бројот на смртните случаи изнесува вкупно 8.584 лица. Директорката за односи со јавноста при Универзитетот за здравствени науки во Хурмузган Фатма Нурузијан го рече следното: „На една свадба на островот Кешм се заразени од Ковид-19 54 лица, а на една забава во Бендер Абас се инфектирани 73 лица кои не се придржувале кон правилото за одржување на социјалното растојание и не користеле маска.“

Во Ирак, во изминатите 24 часа од новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа уште 34 лица, а се регистрирани 1.146 новозаразени. Со тоа вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 426, а на случаите на зараза на 15.414 лица. Како што се истакнува досега оздравеа 6.214 лица заболени од вирусот.

Во Русија, е обелоденето дека бројот на смртните случаи од коронавирусот е поголем од досега соопштените бројки. Во објавеното соопштение од страна на Одделот за здравство на локалната самоуправа на Москва се истакнува дека со направените пресметки според новиот метод на Министерството за здравство бројот на починатите од Ковид-19 во Москва во месец мај изнесува 5.260 лица. Под светлината на овие информации бројот на смртните случаи во Русија се зголеми на 9.723 лица. Во некои вести коишто се појавија во рускиот печат пак, се застанува во одбрана на тоа дека со направените пресметки според овој метод и во другите места во земјата вкупниот број на починатите ќе биде поголем од досега соопштените бројки.

Во Индија, бројот на смртните случаи се зголеми на 8.102 лица, а на случаите на зараза на 286.579. Бројот на оздравените лица заболени од вирусот пак, изнесува 141.029. По олабавувањето на преземените мерки против Ковид-19 и повторното отворање на рестораните, трговските центри и верските објекти во Индија  се доживува уочлив раст во бројот на случаите на зараза во Индија.

Во Индонезија, бројот на починатите од коронавирусот со раст за уште 41 лице се зголеми на 2 илјади, а бројот на случаите на зараза се искачи на 35.295. Потпретседателот Ма'руф Амин истакна дека идниот месец би можело да започне образованието лице в лице во областите коишто се означени со зелена категорија, а во кои нема случаи на зараза.

Обединетите нации (ОН) соопштија дека преземените мерки во рамките на борбата против Ковид-19 во Нигерија би можеле да доведат до отпуштање од работа на 13 милиони лица.

Најголем број смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) на континентот Африка досега се регистрирани во Египет кадешто починаа 1.342 лица. По оваа земја пак, следуваат Јужноафриканската Република со 1.210, Алжир 732, Судан 401, Нигерија 382, Камерун 212 и Мароко со 211 починати.

Бројот на смртните случаи во некои други источни земји, арапски земји и земји во Азија е вака: Кина 4.634, Пакистан 2.356, Бангладеш 1.012, Јапонија 919, Саудиска Арабија 819, Белорусија 288, Оман 89, Катар 66, Бахреин 32.



Слични вести