Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот

1433576
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот достигна до 420 илјади лица, на случаите на зараза надмина 7 милиони 500 илјади 340, а досега оздравеа и над 3 милиони 806 илјади 940 заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД изнесува 115.242 лица, на инфектираните се зголеми на над 2 милиони 66 илјади, а досега оздравеа и повеќе од 808 илјади 494 заболени од вирусот. 

Епицентар на коронавирусот во САД, макар и со помал интензитет сѐ уште е Њујорк, каде се заразени повеќе од 401.333 лица, од кои 30.680 починаа. Воедно се истакнува дека има и пораст во бројот на инфектираните лица поради расистичките протести коишто започнаа во САД по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во полициско насилство.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на инфектираните изнесува 775.185 лица, на смртните случаи се зголеми на 39.797, а досега оздравеа 396.692 лица.  

Во Велика Британија, која понатаму е епицентар на глобалната епидемија во Европа, бројот на смртните случаи со раст за уште 151 лице во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 41.279, додека бројот на случаите на зараза достигна до 291.409 лица.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 71 лице во изминатите 24 час, се зголеми на вкупно 34.114. Бројот на активни случаи на заразени од коронавирус се намали за 1.162 лица со што опадна на 31.710, додека вкупниот број на инфектираните во земјата со дијагностицирани 202 новозаразени се искачи на 235.763 лица.

Во Франција, со потврдени уште 23 починати во изминатите 24 часа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 29.319 лица, додека бројот на случаите на зараза со раст за 545 лица се искачи на 192.541 лице.

Во Шпанија, Министерството за здравство не регистрира нови смртни случаи во изминатите 72 часа и повтори дека бројот на починатите изнесува вкупно 27.136 лица. Споделена е информацијата дека се регистрирани 167 новозаразени и дека со тоа вкупниот број на инфектираните се зголеми на 242.280 лица. Во меѓувреме, на белгискиот принц Јоаким му е изречена парична казна од 10.400 евра поради прекршување на вонредната состојба којашто се спроведува во Шпанија поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во Португалија, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 5 лица со што бројот на починатите се зголеми на вкупно 1.497, додека заедно со уште 294 регистрирани новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 35.600 лица.

Во Канада, со раст за уште 145 починати во изминатите 24 часа, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 8.004 лица, додека бројот на случаите на сараза со раст за 1.766 лица се искачи на вкупно 98.228 лица. Во меѓувреме, во провинцијата Британска Колумбија повторно се отвораат филмските сетови коишто беа затворени поради епидемијата на Ковид-19. Во објавеното соопштение од провинциската Влада се истакнува дека работодавците во кинематографската и телевизиската продукциска индустрија би можеле да започнат со работа во правец на утврдените протоколи. 

Во Мексико, од новиот тип коронавирус починаа 2 бебиња кои беа на лекување во времетраење од две недели. Се истакнува дека во земјата се заразени од Ковид-19 152 деца под 15 годишна возраст и дека досега од вирусот починаа вкупно 15.357 лица, додека бројот на случаите на зараза се зголеми на 124.301 лице.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други земји е вака: Белгија 9.629, Германија 8.844, Перу 5.903, Чиле 2.475.

Во балканските земји Босна и Херцеговина и Северна Македонија откако во голема мера беа уникати воведените мерки во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19, повторно почнаа да растат дневните случаи на зараза од вирусот.

Во Босна и Херцеговина кадешто досега починаа 161 лице, на 24 мај дневниот број на регистрирани случаи на зараза опадна до 10, додека денеска се зголеми на регистрирани 57 новозаразени. Вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 2.832, додека досега оздравеа 2.100 заболени од вирусот.

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 175 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус во земјата од почетокот на епидемијата достигна до 3.538 лица

Во земјата се регистрирани 5 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати лица од последиците на Ковид-19 изнесува 169.

Денеска се регистрирани уште 18 оздравени пациенти, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.682, додека во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче, на одржаната прес-конференција минатата недела изјави дека земјата се соочува со втор бран на пандемијата.

 



Слични вести