Либискиот премиер Сараџ разговараше со командантите за воените случувања на теренот

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ се состана со командантите со кои разговараше за последната состојба за којашто е дојдено во воените операции, на теренот

1433776
Либискиот премиер Сараџ разговараше со командантите за воените случувања на теренот

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ се состана со командантите со кои разговараше за последната состојба до којашто е дојдено во воените операции, на теренот.

Во објавеното соопштение преку профилот на социјалната мрежа Фејсбук на операцијата Вулкан на гневот којашто се спроведува од страна на либиската Армија се истакнува дека премиерот Сараџ одржа средба на која освен со заменик премиерот Ахмед Муајтик и министерот за надворешни работи Фетхи Башага, учествуваа и командантите на западните и централните области, Триполи и на единицата на операцијата за Сирте и Џуфра.

На средбата беа поставени на маса последната точка до којашто е дојдено во воените операции, мерките коишто се преземаат за одбрана на цивилите и приватните и јавните институции, состојбата во областите ослободени од милициските сили на водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата Халифа Хафтар и мерките кои се преземаат во тие области во врска со безбедноста. 

Инаку, либиската Армија во рамките на операцијата Бура на мирот којашто ја започна на 25 март, на 3 април ја воспостави контролата во сите административни граници на главниот град Триполи, а на 4 јуни во Каср Бин Гашир.

Потоа во објавеното соопштение од од страна на либиската Армија во сабота беше соопштено дека е започната нова операција по име „Патишта на победата“, а со цел ослободување од рацете на милициските сили на Хафтар на градот Сирте, воено-воздухопловната база Џуфра и околните области. 

Од страна страна, заменик генералниот секретар на Арапската лига (АЛ) Хусам Зеки соопшти дека правниот легитимитет во Либија и припаѓа на Владата и дека поради постигнатиот договор со оваа Влада присуството на Турција во Либија е легитимно.



Слични вести