Во голем број градови низ Франција се одржаа протести против расизмот и полициското насилство

Демонстрантите во главниот град Париз се собраа на плоштадот на Републиката кадешто во своите раце носеа транспаренти против расизмот и извикуваа слогани

1433000
Во голем број градови низ Франција се одржаа протести против расизмот и полициското насилство

Во Франција, освен во главниот град Париз и во други градови како Лион, Лил, Дижон и Кеан и вчера се одржаа протести против расизмот и полициското насилство.

Демонстрантите во главниот град Париз се собраа на плоштадот на Републиката кадешто во своите раце носеа транспаренти против расизмот и извикуваа слогани.

Беше согледано дека демонстрантите клекнаа на колена 8 минути 46 секунди во чест на Џорџ Флојд кој го загуби животот во полициското насилство во Соединетите Американски Држави (САД).

На овдешниот протест учествуваа и Жан-Лук Меленшон, лидерот на екстремно левичарското Движење „Непокорна Франција“ како и некои пратеници.

Инаку, во инцидентот на 25 мај во градот Минеаполис во сојузната држава Минесота во САД, Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на приведувањето беше подложен на полициско насилство од страна на полицаец кој и покрај тоа што Флојд со минути го молеше велејќи „Не можам да дишам“ притискаше со своето колено на неговиот врат, по што Флојд го загуби животот.

Овој настан стана причина за одржување на масовни протести во сите градови на САД кои повремено стануваат сцена и на насилство.

 



Слични вести