Во бомбашки напад на Тел Абјад повредени 3 војници на СНА

Голема е веројатноста дека нападот бил извршен од страна на сепаратистичко-терорисичката организација ЈПГ/ПКК

1432956
Во бомбашки напад на Тел Абјад повредени 3 војници на СНА

Во експлозијата на бомбата којашто беше поставена во едно возило на Сириската национална армија (СНА) во Тел Абјад на северот на Сирија кој се наоѓа под контрола на силите на опозицијата, беа повредени 3 војници на СНА.

На патот за подрачјето Сулук кај Тел Абјад кое е исчистено ов тероризмот во рамките на операцијата извор на мирот, експлодираше едно возило на СНА.

Во експлозијата што се случи додека воозилото се движеше, беа повредени 3 војници на СНА.

Повредените војници беа префрлени на хоспитализација во најблиските болници во околината.

Безбедносните сили кои извршија увид на лице место на настанот посочија на веројатноста дека нападот бил извршен од страна на сепаратистичко-терорисичката организација ЈПГ/ПКК.



Слични вести