Умре Пјер Нкурунзиза, лидерот на Бурунди

Претседателот Нкурунзиза на функцијата се наоѓаше од 2005 година

1432774
Умре Пјер Нкурунзиза, лидерот на Бурунди

Претседателот на Бурунди Пјер Нкурунзиза умре од срцев напад.

Во соопштениет кое беше објавено од страна на Владата беше истакнато дека во саботата навечер му се влоши на 55 годишниот Нкурунзиза кој играше одбојка, а веднаш потоа беше префрлен на лекување во болница.

Во неделата иако беше објавено соопштение дека здравствената состојба на претседателот се подобри, за жал вчера доживеа срцев напад. Покрај сите интервенции, Нкурунзиза не можеше да се спаси.

Во соопштението беше изразено сочувство до семејството на Нкурунзиза и сите граѓани на Бурунди, беше прогласена 7 дневна жалост и беше ситакнато дека знамињата ќе се симнат на половина јарбол.

Претседателот Нкурунзиза на функцијата се наоѓаше од 2005 година наваму и во август се подготвуваше да му ја предаде претседателската должност на блискиот пријател генералот Еварисе Ндајишимије кој се кандидираше од истата партија и победи на изборите во мај.



Слични вести