САД пресретнаа 4 руски авиони во близината на Алјаска

Авионите кои полетаа од аеродромите во Автономниот Округ Чукотски и Амурската област, во близината на Алјаска беа пресретнати од страна на американските авиони Ф-22

1433406
САД пресретнаа 4 руски авиони во близината на Алјаска

Соединетите Американски Држави (САД) пресретнаа 4 руски авиони во близината на Алјаска.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Руското министерство за одбрана беше истакнато дека 4 авиони од типот Ту-95МЦ стратешки носачи на ракети летаа и патролираа над меѓународните води на Чукотскиот полуостров, Беринговиот проток и Охотското море.

Авионите кои полетаа од аеродромите во Автономниот Округ Чукотски и Амурската област, во близината на Алјаска беа пресретнати од страна на американските авиони Ф-22.

Патролирањето на авионите траеше 11 часа. Сите летови беа остварени согласно меѓународните правила и без прекршување на границите и воздушните простори на другите земји, беше истакнато во соопштението.



Слични вести