Путин оствари телефонски разговор со Меркел

Двајцата лидери разменија мислења и во врска со кризата во Украина како и случувањата во Сирија

1432778
Путин оствари телефонски разговор со Меркел

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел. Главна тема на разговорот беа случувањата во Либија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Кремљ беше истакнато дека Путин и Меркел на разговорот ја изнесоа загриженоста поради евентуално зголемување на судирите во Либија.

На разговорот беше акцентирано на значењето дека нема друга алтернатива освен што поскоро започнување на преговорите меѓу страните под покровителство на ОН и спречување на судирите. Русија го изнесе ставот дека се поволни напорите на Египет за решавање на кризата во Либија.

Двајцата лидери разменија мислења и во врска со кризата во Украина како и случувањата во Сирија.



Слични вести