Преглед на Ковид-19 во источните и неразвиени земји во светот

Бројот на смртните случаи во Иран изнесува 8 425

1433070
Преглед на Ковид-19 во источните и неразвиени земји во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 413 700, на заразените над 7 324 876, а на оздравените над 3 604 926 лица.

Бројот на смртните случаи во Иран изнесува 8 425. По тестирањето на 118 лица од Ковид-19 кои учествуваа на една свадба во провинцијата Чахармахал-Бахтијари, резултатите на 40 беа позитивни. Кајмакамот на општината Махмуд Кијани рече дека учество на свадбите и изразувањето сочувство ја зголемува бројката на заразенте, поради што во иднина ќе се преземат построги мерки во врска со сите оние коишто ќе одржат масовни организации.

Бројот на смртните случаи во Јордан изнесува 9, додека бројот на новоинфектираните изнесува 14, Вкупниот број на заразени се зголеми на 845.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Палестина  изнесува 5, додека бројот на новоинфектираните изнесува 7 од кои 4 беа деца, Вкупниот број на заразени се зголеми на 661.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Египет се зголеми за уште 35 и изнесува 1 306, додека бројот на новоинфекираните се зголеми за уште 1 385 и изнесува 36 829.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Африка се зголеми на 5 568. Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Јужна Африка изнесува 1 162, во Алжир 724, во Судан 389, во Нигерија 365, во Камерун 212 и во Мароко 210.



Слични вести