Предупредување од ОН во врска со безбедноста на храната

Над 820 милиони луѓе во светот се изложени на глад и секое петто дете се соочува со проблеми при растот поради недоволната исхранетост

1432871
Предупредување од ОН во врска со безбедноста на храната

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди на безбедноста на храната.

Гутереш во видео пораката што ја објави во врска со безбедноста на храната рече дека покрај тоа што постои храна за исхрана на севкупното светско население кое брои 7,8 милијарди луѓе, новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) се заканува на глобалната безбедност на храмата.

Над 820 милиони луѓе во светот се изложени на глад и секое петто дете се соочува со проблеми при растот поради недоволната исхранетост. За жал постепено се распаѓаат системите nа храна и Ковид-19 уште повеќе ја загрозува состојбата.

Околу 49 милиони луѓе поради пандемијата може да паднат во многу екстремна сиромаштија. Интензивно ќе се зголеми бројот на луѓето кои немаат безбедност на храната“ потенцираше Гутереш.



Слични вести