Либиската армија реализира воздушна операција врз милициските сили на Хафтар во градот Сирте

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Нашите воени единици реализираа воена операција врз милициските сили и платениците на Хафтар распоредени во градот Сирте“

1433099
Либиската армија реализира воздушна операција врз милициските сили на Хафтар во градот Сирте

Воздушените елементи на либиската армија ги бомбардираа милициските сили лојални на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, кои се распореднеи во градот Сирте.

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Нашите воени единици реализираа воена операција врз милициските сили и платениците на Хафтар распоредени во градот Сирте.“

Укажувајќи дека во последните неколку месеци се упатуваат повици до првенците во Сирте за здрав разум и држење на градот далеку од неволјата на војната, Кунуну нагласи дека денеска за Сирте е доставен уште еден последен повик.

Тој подвлече дека продолжуваат да се реализираат операции чија цел се милициските сили и тоа во рамките на планот за реализација на операција подготвен од страна на Опративниот центар, а воедно го рече следното: „Нема да се откажеме од нашата цел во правец на повторното воспоставување на контролата на државата во Сирте.“

Инаку, либиската армија во рамките на операцијата „Мировна бура“ којашто ја започна на 25 март најпрвин на 3 јуни ја воспостави целосно контролата во административните граници на главниот град Триполи, а потоа на 5 јуни и во градот Терхуне.

Во објавеното соопштение во саботата, беше соопштено дека либиската армија започна нова операција по име „Патишта на победата“, а со цел ослободување од рацете на милициските сили лојални на Хафтар на градот Сирте, воено-воздухопловната база Џуфра и околните области.



Слични вести