Билансот на Ковид-19 во светот: Над 413 илјади смртни случаи

Бројот на заразените изнесува над 7 324 000, а на оздравените над 3 604 926

1432790
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 413 илјади смртни случаи

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 413 700, на заразените над 7 324 000, а на оздравените над 3 604 926.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД која важи за центар на епидемијата во светот изнесува 114 151, додека на инфектираните 2 045 715.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил се зголеми на 38 497, додека бројот на инфектираните на 742 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Мексико изнесува 14 649.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Перу изнесува 5 738, додека на инфектираните 203 700.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија која важи за центар на епидемијата во Европа се зголеми за уште 286 и изнесува 40 883. Националниот завод за статистика соопшти дека реалната бројка на жртвите од Ковид-19 во мај изнесува над 50 илјади. Бројот на новозаразените се зголеми за уште 1 387 и изнесува 289 140.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Италија се зголеми за 79 и изнесува над 34 043. Бројот на активните заразени со дневен пад од 1 858 се намали на 32 872, додека бројот на новозаразените изнесува 283.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 87 и изнесува 29 296. Бројот на заразените се зголеми за уште 403 и изнесува 191 996 пациенти.

Министерството за здравство на Шпанија во последните два дена не објави резултати во врска со бројот на смртните случаи  во земјата, така што бројот на умрените остана на 27 136. Министерството објави дека бројот на новозараените се зголеми за уште 84 и изнесува 241 966.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија во последните 24 часа се зголеми за уште 7 лица и изнесува 1 492. Бројот на новозаразените се зголеми за уште 421 и заедно со инфектираните изнесува 35 306. Големо внимание привлекува порастот на новите случаи на инфектирани во Лисабон и околината како и податокот дека ова е најголем деневен пораст од 8 мај наваму.



Слични вести