Американскиот Сенат го одобри назначувањето на Чарлс Браун за командант на воздушните сили

Никој не гласашае против одобрението изгласано од страна на 98 сенатори

1433064
Американскиот Сенат го одобри назначувањето на Чарлс Браун за командант на воздушните сили

Американскиот Сенат го одобри назначувањето на генералот на армија Чарлс Браун од Афроамериканско потекло за командант на воздушните сили.

На тој начин, првпат во историјата на Америка, еден генерал од Афроамериканско потекло беше назначен за командант на воздушните сили.

Генералот на армија Браун кој од страна на американскиот претседател Доналд Трамп беше изнесен за кандидат за командант на воздушните сили ја доби целосната поддршка на Сенатот. Никој не гласашае против одобрението изгласано од страна на 98 сенатори.

Големо внимание привлече фактот дека назначувањето на Браун се оствари во период кога продолжуваат протестите против полциското насилство во САД во кое загина Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Генералот на армија Браун пред да биде назначен за командант на воздушните сили на САД се наоѓаше на долноста командант на американските воздушни сили во Индо-пацифичкиот регион.

Трамп во објавата пек профилот на твитер истакна:

„Сенатот ја одобри одлуката за назначување на првиот Афроамериканец генерал на армија Чарлс Браун за командант на воздушните сили. Ова е историски ден за САД. Чувствувам голема возбуденост од можноста за сорабтока со големиот патриот и лидер генерал на армија Браун.“



Слични вести