Во руски воздушни напади врз населени места во подрачјето на Идлиб загинаа најмалку тројца цивили

Руски воени авиони реализираа повеќе од 20 воздушни напади врз подрачјето на Идлиб, во севернозападниот дел на Сирија, во кои според првични информации загинаа најмалку тројца цивили, а тројца се ранети

1432074
Во руски воздушни напади врз населени места во подрачјето на Идлиб загинаа најмалку тројца цивили

Во реализирани воздушни напади од страна на руски воени авиони врз цивилни населени места и фронтовите линии во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалационата зона) во Идлиб во Сирија, според првични информации животот го загубија најмалку тројца цивили, а тројца се ранети.

Според Авионската опсерваторија на воените опозиционери, руски воени авиони врз подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, реализираа повеќе од 20 воздушни напади.

Директрот за Цивилна одбрана (Белите беретки) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф информира дека во нападите на руските воени авиони загинаа тројца цивили од кои двајца во селото Мовзара и еден во селото Деир Сунбул.

Во нападите беа ранети и тројца цивили кои од страна на екипите за цивилна одбрана беа префрлени во здравствените центри во подрачјето и како што се истакнува активностите за пребарување и спасување во местата кои беа цел на нападите продолжува.

Инаку, и покрај тоа што на одржаниот состанок во Астана на 4 и 5 мај 2017 година на кој учествуваа Турција, Русија и Иран, стапи во сила прекин на огнот во подрачјето на Идлиб кое е прогласено за Зона за намалување на затегнатоста (деескалационата зона), Асадовиот режим и неговите сојзуници непочитувајќи го постигнатиот договор ги продолжуваат своите напади врз ова подрачје.



Слични вести