Столтенберг: „НАТО поефикасно треба да се искористи и од политички аспект“

Мојата визија не се заснова на повторно формирање или обновување на НАТО, туку да се постигне целта НАТО да биде посилна на воен, политички и глобален план

1432422
Столтенберг: „НАТО поефикасно треба да се искористи и од политички аспект“

Генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека воената моќ самостојно не е доволна, поради што треба поефективно треба да се искористи и политичката моќ на НАТО.

„На масата на НАТО треба да ги поставиме сите фактори кои влијаат врз нашата безбедност, рече Столтенберг со кои зборови во виртуелна средина заедно со Атлантскиот совет и тинк-тенк инситутот „Германска фондација Маршал“ го започна процесот НАТО 2030.“

На самитот што се одржа лани во декември, лидерите побараа да ја зајакнам Алијансата, потсети Столтенберг и потенцираше дека тоа единствено може да се оствари и со политичкото зајакнување на Алијансата, не само со военото влијание.

Во период кога владее се помала безбедност во светот, НАТО се фокусира на тоа како ќе ја обезбеди безбедноста на Алијансата во претстојните 10 години, поради што го зпаочнавме процесот „НАТО 2020“.

Епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) предизвика незамисливи промени во секојдневниот живот на луѓето.

Ковид-19 истовремено предизвика постоечките трендови и тензии да се стекнат со поголема забележливост. Русија и натаму продолжува со воените активности. ДЕАШ (ИСИЛ) и другите терористички организации уште повеќе се охрабрија, државите и недржавните актери споделуваат погрешни информации и пропаганда. Подемот на Кина ја менува глобалната рамнотежа на моќта.

Процесот „НАТО 2030“ треба да се прилагоди кон „новата нормала“, поради што треба да продолжи да биде моќна и од воен аспект, политички да биде обединета и да прифати поглобален став.

НАТО секогаш не е директно вклучена во случувањата, но исто така претставува отворена праведна и значајна платформа за дискусии.

Алијансата располага со потребната инфраструктура и установи.

За искористување на НАТО во сите сфери потребна ни е политчка волја. За преземање на потребните дејствија потребна е да се донесе одлука кога тоа ќе биде потребно за заедничката безбедност.

Мојата визија не се заснова на повторно формирање или обновување на НАТО, туку да се постигне целта НАТО да биде посилна на воен, политички и глобален план“ подвлече Столтенберг.



Слични вести