Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1432007
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 410 илјади 835 лица, на случаите на зараза се зголеми на 7 милиони 258 илјади 587, а досега оздравеа и над 3 милиони 571 илјади 597 заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Русија, бројот на починатите се зголеми на 5.971 лица, на случаите на зараза достигна до 476.658, додека досега оздравеа вкупно 230.688 заболени од вирусот.

Во Иран, бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа се зголеми за 70 лица и достигна до 8.351, а случаите на зараза со раст за 2.043 лица се искачи на 173.832, а досега оздравеа 136.360 лица.

Во Израел, кадешто од епидемијата животот го загубија 298 лица, а се регистрирани 17.915 случаи на зараза, поради порастот во дневниот број на инфектираните е укинато олабавувањето на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Имено, на 25 мај растот на новите случаи на зараза за еден ден опадна до 5 лица, додека по олабавувањето на ограничувањата оваа бројка завчера се зголеми на дијагностицирани 190 новозаразени лица.

Во Катар, бројот на смртните случаи се зголеми на 57, а на случаите на зараза на 70.158 лица. Соопштено е дека постепено ќе бидат олабавени ограничувањата коишто се воведени поради коронавирусот и дека во тие рамки почнувајќи од 15 јуни некои џамии ќе бидат отворени за верски обред (клањање намаз) со исклучок на џума намаз (на петочната молитва).

Во Јемен, има 112 починати, а се регистрирани 486 инфектирани од вирусот.

Бројот на смртните случаи во некои источни земји, арапски земји и земји во Азија е вака: Индија 7.481, Кина 4.634, Пакистан 2.172, Бангладеш 930, Саудиска Арабија 783. 

На континентот Африка,  бројот на смртните случаи од новиото тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на над 5 илјади лица, а на инфектираните изнесува над 190 илјади.

Во Јужноафриканската Република, заедно со смртта на уште 82 лица во изминатите 24 часа, вкупниот број на починатите се зголеми на 1.080, а на случаите на зараза со раст за уште 2.594 лица се искачи на 50.879.

Во Гана, бројот на човечките загуби се зголеми на 48 лица, а на случаите на зараза со раст за уште 272 лица во изминатите 24 часа се искачи на вкупно 9.910.

Најголем број смртни случаи во Африка се регистрирани во Египет кадешто досега починаа 1.271 лице. Потоа следуваат Јужноафриканската Република со 1.080 починати, Алжир 715, Судан 359 и Нигерија 354, Камерун 214, Мароко 208.

Најголем број случаи на зараза пак, по Јужноафриканската Република (50.879) има со Египет 35.444, Нигерија 12.486, Алжир 10.265, Гана 9.910.

 



Слични вести