Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД се зголеми на над 113.379, на случаите на зараза достигна до 2 милиони 32 илјади 545 лица, а досега оздравеа приближно 774 илјади 776 заболени од вирусот

1431997
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 410 илјади 835 лица, на случаите на зараза се зголеми на 7 милиони 258 илјади 587, а досега оздравеа и над 3 милиони 571 илјади 597 заболени од вирусот.

На прво место со најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД се зголеми на над 113.379 на случаите на зараза достигна до 2 милиони 32 илјади 545 лица, а досега оздравеа приближно 774 илјади 776 заболени од вирусот. 

Епицентар на коронавирусот во САД, макар и со помал интензитет сѐ уште е Њујорк, каде се заразени повеќе од 399.892 лица, од кои 30.516 починаа.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на инфектираните изнесува 719.449 лица, на смртните случаи се зголеми на 37.840, а досега оздравеа 325.602 лица. Во земјата се прават коментари околу тоа дека не се постигнува успех во борбата против епидемијата под водство на претседателот Жаир Болсонаро. 

Во Велика Британија, која е епицентар на глобалната епидемија во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 40.883, а на случаите на зараза на 289.140 лица.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 65 лица во изминатите 24 час, се зголеми на вкупно 33.964, додека вкупниот број на инфектираните во земјата со дијагностицирани 280 новозаразени се искачи на 235.278 лица.

Во Франција, бројот на смртните случаи од епидемијата со уште 54 починати во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 29.209 лица, додека бројот на случаите на зараза со раст за 211 лица се искачи на 191.593. Во земјата е покрената истрага во врска со процесот на управување со епидијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Во Шпанија, е соопштено дека во изминатите 24 часа не е регистриран ниту еден смртен случај од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Се истакнува дека бројот на човечките загуби изнесува 27.136 лица, додека бројот на починатите неделно изнесува 56. Во соопштението се вели дека бројот на новите случаи на зараза изнесува 48 лица и дека вкупниот број на инфектираните во земјата е зголемен на 241.717. Во Шпанија, кадешто вонредната состојба ќе продолжи до 21 јуни, воедно Централната банка прогнозира дека на крајот на 2020 година економското стеснување може да се зголеми на 15,1 отсто (кое пак во 2019 година изнесуваше 14,1 отсто), и дека ѝ стапката на неврбаотеност би можела да се искачи до 23.6 отсто.

Во Португалија, со потврдени уште 6 смртни случаи во изминатите 24 часа бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 1.485 лица, додека со регистрирани 192 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 34.885 лица.

Во Перу, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 106 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 5.571, а бројот на случаите на сараза со раст за 3.181 се искачи на вкупно 199.696 лица.

Во Мексико, бројот на човечките загуби со раст за 354 лица се зголеми на 14.053, а на случаите на зараза со раст од 2.999 лица достигна  до 120.102.

Во Колумбија, животот го загубија 1.308 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на над 40 илјади.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирусот (Ковид-19) во некои други земји во светот е вака: Белгија 9.606, Германија 8.792, Канада 7.835, Чиле 2.264.

 



Слични вести