На третата комеморација за Џорџ Флојд во Хјустон учествуваат илјадници лица

Телото на Џорџ Флојд вчера наутро е донесено во градот Хјустон, во сојузната држава Тексас, кадешто пораснал и го поминал поголемиот дел од животот и овде ќе се одржи третата, последна комеморација за него

1432144
На третата комеморација за Џорџ Флојд во Хјустон учествуваат илјадници лица

По двете одржани комеморации за Афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот во полициско насилство во Минесота и во Северна Каролина, третата комеморација се одржа во сојузната држава Тексас, во градот Хјустон кадешто Флојд пораснал и го поминал поголемиот дел од животот.

Телото на Џорџ Флојд вчера наутро е донесено во Хјустон кадешто се одржува последната комеморација за него.

Во црквата „Fountain of Praise“ ковчегот со мртвото тело на Флојд во текот на 6 часа беше отворен за посета при што членовите на неговото семјество, блиските и уште илјадници лица формираа долги редици пред црквата.

На комеморацијата којашто беше отворена за народот гувернерот на Тексас Грег Абот поради своите здравствени проблеми учествуваше во инвалидска количка при што му оддаде почит на Флојд пред неговиот ковчег.

Мртвото тело на Џорџ Флојд по денешната специјална погребна церемонија ќе биде закопано покрај неговата мајка Ларенција Флојд, во гробиштата „Memorial Gardens“ во Хјустон.

Во меѓувреме, поранешниот полицаец Дерек Човин кој за време на приведувањето на Џорџ Флојд држејќи го своето колено врз неговиот врат стана причина за смртта на Флојд, за прв пат беше изнесен пред суд.

Човин (44) кој се обвинува за извршено убиство од втор степен, на рочиштето учествуваше од затворот во сојузната држава Минесота „Oak Park Heights“ преку видеконференција со лисици и облечен во портокалова облека.

Судијата износот на кауцијата го зголеми на 1 милион 250 илјади долари и следното рочиште на Човин го одложи за 29 јуни

Инаку, во инцидентот на 25 мај во градот Минеаполис во сојузната држава Минесота во САД, Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на приведувањето беше подложен на полициско насилство од страна на полицаец кој и покрај тоа што Флојд со минути го молеше велејќи „Не можам да дишам“ притискаше со своето колено на неговиот врат, по што го загуби животот.

Овој настан стана причина за одржување на масовни протести во сите градови на САД кои повремено стануваат сцена и на насилство.

 



Слични вести