Либиската армија: Ослободувањето на градот Сирте е само прашање на време

Либиската армија соопшти дека ослободувањето на градот Сирте од рацете на милициските сили на Хафтар е само „прашање на време“

1432434
Либиската армија: Ослободувањето на градот Сирте е само прашање на време

Либиската армија соопшти дека ослободувањето на крајбрежниот град Сирте кој се наоѓа под окупација на милициските сили лојални на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, е веќе „прашање на време“.

Командантот на одделот за заеднички операции во Сирте и Џуфра на либиската армија бригаден генерал Ибрахим Ахмед Бејтулмал во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Се наоѓаме многу блиску до Сирте. Ослободувањето на градот е прашање на време.“

Бејтулмал упати повик до цивилите да стојат далеку од местата на судирите. 

Инаку, либиската армија во саботата соопшти дека ја започнува операцијата „Патишта на победата“ за ослободување од рацете на милициските сили лојални на Халифа Хафтар, на градот Сирте, воено-воздухопловната база Џуфра и околните области.

Либиската армија која напредува кон крајбрежниот град Сирте на приближно 450 километри источно од главниот град Триполи, како последно го зазеде населеното место Вишке западно од градот.

Во меѓувреме, различни вооружени групи во областа Авбари на југот на Либија кадешто живеат Туарези, прогласија дека ја поддржуваат либиската Влада.

 



Слични вести