Во Минеаполис се затвора полициската станица

Претседателката на Советот на градот Лиза Бендер рече дека на местото на полициската станица која што ќе се затвори, ќе се формира нов систем кој ќе ја обезбедува јавната безбедност

1431517
Во Минеаполис се затвора полициската станица

Во американскиот град Минеаполис, каде што Афроамериканецот Џорџ Флојд загина како последица на полициско насилство, се затвора полициската станица.

Според информациите кои беа објавени во американските медиуми, Советот на градот Минеаполис соопшти дека по реакциите против полициското насилство и протестите кои и натаму продолжуваат, донесе одлука за затворање на полициската станица.

Претседателката на Советот на градот Лиза Бендер рече дека на местото на полициската станица која што ќе се затвори, ќе се формира нов систем кој ќе ја обезбедува јавната безбедност.

Во меѓувреме, навршуваат 13 дена од протестите кои се проширија низ целата земја.

По протестите од кои повеќето поминаа во мирна атмосфера, властите го укина аполицискиот час во Њујорк, Чикаго и Филаделфија.

На протестите што се одржаа во различни пунктови на Њујорк, група демонстранти коишто се собраа пред кулата Трамп Тауер извикуваа слогани „Гласајте и спасете се од Трамп.“

Американскиот претсдетаел Доналд Трамп издаде инструкција за повлекување на приврзаниците на Националната гарда од Вашингтон каде што и натаму продолжуваат протестите.

На протестите во гавниот град учествуваа и стотици приврзаници на Евангелската црква.

Синоќа во Вирџинија беше срушена статуата на генерал Картер Викам, кој комндуваше со силите во војската на Конфедерацијата во периодот на Граѓанската војна во Америка.

Од друга страна пак, градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио изјави дека во рамките на зголемените барања за реформи по смртта на Афроамерканецот Џорџ Флојд, ќе го намали буџетот на полицискиот оддел на градот.

Блазио рече дека овие одбивања ќе бидат наменети за социјални услуги.

Во меѓувреме, американскиот министер за правда Вилијам Бар во интервјуто за ТВ-канал СиБиЕс рече дека направи поширока проценка на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој загина како последица на полициското насилство како и протестите кои се проширија низ целата земја.

Бар во изјавата рече дека ако ја земеме во предвид историјата на Афроамериканците, тогаш многу подобро разбрав зошто немам доверба во полицијата.

За жал голем број установи во историјата очиглдно беа расистички расположени.

Од 1960-те години наваму беа извршени голем број реформи во установите за надминување на нееднаквоста и беше постигнат напредок, затоа не верувам дека во полицијата постои систематски расизам, и покрај тоа што во САД постои расизам.

Додека во минатото во американската војска постоеше расизам, денес е постигната еднаквост на можностите, затоа денес полицијата поминува низ ист процес.

Повеќето од полицајците се добри, но секако дека меѓу нив има и лоши луѓе. Акциите и активностите на поединците не значи дека целиот оддел е расипан и гнил, рече Бар.

На 25 мај во американската сојузна држава Минесота, поради неповлекувањето на ногата на полицаецот кој го приведуваше, умре Афроамериканецот Џорџ Флојд кој и покрај тоашто викаше дека „не можам да дишам“, полицаецот што го приведуваше не ја тргна ногата од неговиот тил.

Од тој ден наваму, овој настан предизвика протести и демонстрации ширум сите градови во Америка, на кои повремено беа забележани и насилства.



Слични вести