Продолжуваат протестите за Флојд во Велика Британија, Белгија и Данска

Демонстрантите извикуваа „Животот на црнците е важен“, „Британије не е невина“

1431315
Продолжуваат протестите за Флојд во Велика Британија, Белгија и Данска

Демонстрантите во Бристол против расизмот срушија една статуа на еден трговец со робови.

Продолжуваат протестите во Велика Британија кои започнаа по убиството на Афроамерканецот Џорџ Флојд во САД, кој беше убиен на 25 мај од страна на еден полицаец.

Во Лондон се одржаа два посебни протести пред зградата на Амбасадата на САД во Лондон и зградата на Владата.

Демонстрантите извикуваа „Животот на црнците е важен“, „Британије не е невина“, додека во рацете носеа транспаренти на кои пишуваше: „Ако нема правда, нема и мир“, „Доста веќе“, „Трамп и Борис се расисти“.

Освен во Лондон, протести се одржуваат и во Бристол и Единбург, главниот град на Шкотска.

Демонстрантите во Бристол ја срушија статуата на Едвард Колстон кој во 17-от век се бавеше со трговија на робови.

На протестите за Флојд што се одржаа пред Палатата на правдата во Брисел, се собраа илјадници лица.

Околу 10 илјада лица кои се собраа пред плоштадот Поелаерт извикуваа слогани „Животот на црнците е важен“ и протестираа против насилството на полицијата и расизмот.

Во декларацијата што беше прочитана на протестот беше истакнато дека „убиството на Џор Флојд во САД потресе многу луѓе. Повеќето од нас се уморни од насилството на полицајците врз црнците. Бараме правда за сите жртви на полицијата во Белгија.“

Демонстрантите извикуваа „Правда за Флојд“, „Ако нема правда, нема и мир“ и носеа транспаренти со изрази против расизмот.

Со учество на стотици демонстранти во градовите Гент, Анверс (Антверпен), Хаселт се одржаа слични протести.

На протестите во Копенхаген по повод убиството на Флојд од страна на полицијата учествуваа над 15 илјада демонстранти.

На повик на движењето „Животот на црнците е важен“ преку социјалните медиуми, илјадници лица се собраа пред зградата на Амбасадата на САД во Копенхаген.

Демонстрантите, своите реакции против расизмот и полициското насилство го изнесоа со транспарентите на кои пишуваше „Не можам да дишам“, „Животот на црнците е важен“, „И расизмот е еден вид епидемија“, „Сруши ја надмоќта на белците“, „Пералната за алишта е единственото место каде што се одвојуваат боите“, „Човекот е една единствена раса“, „Запри го систематскиот расизам“, „Џорџ Флојд“, „Молчењето е насилство“ и „Без правда нема мир“.

Демонстрантите од заградата на Амбасадата до зградата на парламентот што се наоѓа во рамките на дворецот Кристијансборг маршрираа во придружба на музика и извикуваа слогани.

По говорите што се одржаа пред зградата на парламентот, демонстрантите клекнаа на нозе исто како и поранешниот американски фудбалер Колин Каперник кој што својата реакција против полициското насилство ја изрази на тој начин.

Трочасовните протести завршија без проблеми.

На 25 мај во американската сојузна држава Минесота, поради неповлекувањето на ногата на полицаецот кој го приведуваше, умре Афроамериканецот Џорџ Флојд кој и покрај тоашто викаше дека „не можам да дишам“, полицаецот што го приведуваше не ја тргна ногата од неговиот тил.

Од тој ден наваму, овој настан предизвика протести и демонстрации ширум сите градови во Америка, на кои повремено беа забележани и насилства.



Слични вести