Либиската армија продолжува да напредува кон градот Сирте

Единиците на либиската армија ги ослободија од рацете на милициските сили на водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот земјата Халифа Хафтар, областите Џариф и Ал-Кибејбе јужно од градот Сирте

1431535
Либиската армија продолжува да напредува кон градот Сирте

Либиската армија соопшти дека се ослободени од рацете на милициските сили на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот земјата, областите Џариф и Ал-Кибејбе јужно од градот Сирте.

Во објавеното писмено соопштение на профилот на социјалната мрежа Фејсбук на Оперативната единица за воспоставување и одбрана на безбедноста на Сирте и Џуфра, се истакнува дека областите Џариф и Кибејбе се исчистени од милициските сили, меѓутоа не беа дадени подетални информации по прашањето. 

Како што се наведува, областите за кои станува збор се ослободени во рамките на операцијата „Патишта на победата“ којашто беше започната во саботата.

Либиската армија вчера ја засили испораката на воена опрема во предградијата на градот Сирте, а со цел исчистување на овој град од милициските сили на Хафтар.

Од друга страна, либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека либиските територии ќе бидат целосно исчистени од пучистите и го напиша следното: „Без да се заземе истокот којшто за земјата претставува симбол на племенитоста, џихадот и историјата, Либија нема да биде целосна и нема да заврши војната.“

Во меѓувреме, либиската армија соопшти дека наоружано беспилотно летало во сопственост на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) кои го поддржуваат Халифа хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата, погоди една теренска (полска) болница во градот Мисрата. 

Во објавеното писмено соопштение од одделот за печат на операцијата Вулкан на гневот којашто се спроведува од страна на либиската армија се истакнува дека наоружано беспилотно летало во сопственост на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) бомбардира една теренска (полска) болница во областа Ебу Кирејн на приближно 140 километри југоисточно од градот Мисрата.

Како што се вели во нападот немаше човечки загуби или ранети, меѓутоа е причинета штета во болницата и врз амбулантните возила.

Во соопштението се нагласува дека овој напад на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) претставува проодлжеток на злосторството против човештвото коешто го вршат милициските сили на Хафтар кои ги поставуваат како цел амбулантните возила и здравствените екипи.



Слични вести