ЕУ: Политичкото решение во Либија треба да се води под водство на Обединетите нации

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека политичкото решение во Либија треба да се води во рамките на Берлинскиот процес којшто се поддржува и од страна на Обединетите нации (ОН)

1431819
ЕУ: Политичкото решение во Либија треба да се води под водство на Обединетите нации

Европската унија (ЕУ) соопшти дека политичкото решение во Либија треба да се води во рамките на Берлинскиот процес којшто се поддржува и од страна на Обединетите нации (ОН).

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано на одржаната редовна дневна прес конференција одговарајќи на едно поставено прашање во врска со случувањата во Либија го рече следното: „Ситуацијата на теренот во Либија почна да се променува, меѓутоа нема никаква промена во ставот на Европската унија (ЕУ) во однос на тоа дека е потребно да се постигне прекин на огнот.“

Потсетувајќи дека Европската унија (ЕУ) низа пати упати повик до сите страни за итен прекин на огнот, Стано истакна дека во Либија нема воено решение и дека страните треба да се вратат на преговарачката маса.

Во врска со новата иницијатива што ја започнаа египетскиот претседател Абдулфетах Сиси, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар и неговиот политички сојузник претседателот на Претставничкото собрание во Тобрук Акиле Салих, а која што следеше по едно по друго дожвеаните порази на милициските сили на Хафтар на теренот; портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано го рече следното: „Секој чекор поврзан со процесот на Обединетите нации (ОН) што го поддржува мирот и стабилноста, е позитивен. Меѓутоа, сеопфатното политичко решение во Либија треба да се води во рамките на Обединетите нации (ОН) и Берлинскиот процес.“



Слични вести