Бројот на смртните случаи Ковид-19 во светот изнесува над 406 илјади

Бројот на заразените над 7 милиони 126 илјади, а на оздравените над 3 милиони 479 илјади 429

1431292
Бројот на смртните случаи Ковид-19 во светот изнесува над 406 илјади

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 406 илјади, на заразените над 7 милиони 126 илјади 063, а на оздравените над 3 милиони 479 илјади 429.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД која важи за центар на епидемијата во светот изнесува 112 477. Бројот на заразените изнесува над 2 008 303. Според резултатите од едно истражување во САД, наесен во кинескиот град Вухан кадешто беше откриен вирусот, беше забележан интензивен сообраќај на болничките возила. Истражувањето кое го оствари екипата предводена од Д-р Броунстајн од медицинсскиот универзитет Харвард во соработка со детската болница во Бостон, покажа дека интензивирањето на сообраќајот на болничките возила во Вухан можат да бидат наговесници за тоа дека вирусот постоел пред официјално да биде објавен во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија која важи за центар на епидемијата се зголеми за упте 55 и изнесува 40 5597, додека бројот на новозаразените се зголеми за уште 1 205 и изнесува 287 399. Бројот на смртните случаи иако првпат се намали под 100, според искуствата на експертите, тоа се должи на доцнењето на доставувањето на извештаите за викендот. Во земјата бешше прогласен 14 дневен задолжителен карантин за гостите од странство. Високиот раководител на британската авиокомпанија Рајанер, Олери рече дека прогласувањето на оваа одлука не претставува ништо друго освен шоу на владата.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Италија се зголеми за 53 и изнесува над 33 899. Бројот на активните заразени со дневен пад од 615 се намали на 35 262, додека бројот на новозаразените со раст од 197 се зголеми на 234 998 лице. Комесарот за итни набавки Доменико Аркури рече дека итната состојба во врска со Ковид-19 сеуште не заврши,  потенцирајќи дека ќе заврши дури кога ќе се открие вакцината.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 13 и изнесува 29 155. Ова е најмала бројка од 14 март наваму во земјата. Бројот на заразените се зголеми за уште 343 и изнесува 191 382 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил во последните 24 часа се зголеми за 1 382 и изнесува 37 312. Бројот на заразените се зголеми за 12 581 и изнесува 685 427.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Мексико во последните 24 часа се зголеми за 188 и изнесува 13 699. Бројот на заразените се зголеми за 3 484 и изнесува 117 103.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Канада во последните 24 часа се зголеми на 7 859, додека на заразените изнесува 96 462.

Бројот на смртните случаи во некои други земји во светот е даден во продолжение. Во Шпанија 12 136, во Белгија 9 606, во Германија 8 776, во перу 5 465 и во Чиле 2 190.

Денес во Белгија се преминува кон третата етапа на нормализирање на животото во земјата која од 13 март поради Ковид-19 се наоѓаше во изолација. Во оваа етапа се предвидува работа од далечин, се додека не се издаде некоја нова инструкција. Почнувајќи од денес, хотелитем кафетериите, рестораните и баровите со почитуање на условот од социјална дистанца од 1,5 метар ќе можат да ги отворат дуќаните. На една маса најмногу ќе можат да седнат по 10 лица. Исто така започнуваат спортските активностите, додека од 1 јучи со почитување на одредени правила, ќе може да се земе и публика. Во земјата беше дадено одобрение за отворање на дел од џамиите за масовно клањање.

Во рамките на мерките против еидемијата на Ковид-19 кои беа преземени во Данска, каде што умреа 593 лица, правилото за максимално собирање до 10 лица се промени и беше дадено одобрение за 50 лица. Во земјата стапи на сила третата етапа од процесот на нормализација на животот. ВО тие рамки се отворени базените, спортските сали и теретани, парковите, водените паркови и коцкарниците.

Премиерката на Нов Зеланд Јацинда Ардерн рече дека оздравеле сите заразени пациенти од Ковид-19 во нејзината земја и дека нема активни случаи на заразени, поради што дојде време за намалување на превентивните мерки на 1 степен. Ако сакате да работите под превентивни мерки од 1 степен, тоа сега можете да го направите, рече Ардерн. Инаку во Нов Зеланд од 1 504 заразени умреа 22 пациеенти, додека останатите 1 482 оздравеа.



Слични вести