Втората комеморација за Џорџ Флојд се одржа во неговото родно место Редфорд во Северна Каролина

Ковчегот со летото на Флојд од Минеаполис беше донесен во неговото родно место Редфорд кадешто се одржа втората комеморација на која учествуваа неговото семејство, роднини и илјадници лица кои сакаа да му оддадат почит

1430871
Втората комеморација за Џорџ Флојд се одржа во неговото родно место Редфорд во Северна Каролина

По градот Минеаполис кадешто се случи убиството, втората комеморација за Афроамериканецот Џорџ Флојд чија смрт во полициско насилство за време на неговото приведување пред десетина дена предизвика протести низ САД, се одржа во неговото родно место градот Редфорд, во сојузната држава Северна Каролина.

Ковчегот со телото на Флојд од Минеаполис беше донесен во неговото родно место Редфорд кадешто се собраа наутро за комеморација неговото семејство, роднини и илјадници лица кои сакаа да му оддадат почит на Џорџ Флојд.

Голем број лица формираа долги редици пред црквата во Редфорд кадешто беше изложен ковчегот со телото на Флојд и овде се одржа втората комеморација. Не беше дозволено да се одржат протести на местото на комеморацијата.

Ковчегот со телото на Џорџ Флојд како последно ќе биде испратен во градот Хјустон во сојузната држава Тексас каде што Флојд пораснал и го поминал најголемиот дел од животот и овде ќе се одржи последната комеморација за него.

Погребната церемонија ќе се одржи утре (9 јуни, понеделник) во Хјустон.

Истовремено со одржувањето на втората комеморација за Флојд во Северна Каролина беа одржани протести против расизмот и полициското насилство и во главниот град Вашингтон DC на кои учествуваа илјадници лица.

Демонстрантите кои се собраа пред споменикот на Линколн во текот на 8 минути 46 секунди лежее на земјата безгласно, алудирајќи притоа на времето колку што Џорџ Флојд останал без здив пред да го загуби животот за време на полицискоот насилство.

На протестите учествуваше и градоначалникот на Вашингтон DC Муриел Броузер кој исто така има африканско потекло (е Афроамериканец) и притоа ги поддржа демонстрантите.

Во меѓувреме, за протестите коишто започнаа по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во полициското насилство, кои за кусо време се проширија секаде низ Соединетите Американски Држави (САД) и денеска се наоѓат во дванаесетиот ден, во 34 сојузни држави се испратени на задача над 43 илјади припадници на Националната гарда.

Во објавеното соопштение од профилот на Националната гарда на САД (National Guard) се истакнува следното: „Во 34 сојузни држави и во Вашингтон DC, повеќе од 43.300 припадници на Националната гарда и помагаат на полицијата против граѓанските немири коишто продолжуваат.“ 

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека им издал наредба на припадниците на Националната гарда да се повлече од Вашингтон.

Трамп во споделената објава на својот профил на Твитер по прашањето го напиша следното: „Штотуку наредив нашата Национална гарда да почне постапка за повлекување од Вашингтон, сега кога се е под совршена контрола. Сега ќе се вратат таму каде што се стационирани, но брзо може да се варатат ако биде потребно.“

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека учеството на синоќешните протести беше многу испод она што се очекуваше.

Инаку, во инцидентот на 25 мај во градот Минеаполис во сојузната држава Минесота во САД, Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на приведувањето беше подложен на полициско насилство од страна на полицаец кој и покрај тоа што Флојд со минути го молеше велејќи „Не можам да дишам“ притискаше со своето колено на неговиот врат, по што го загуби животот.

Овој настан стана причина за одржување на масовни протести во сите градови на САД кои повремено стануваат сцена и на насилство.

На протестите од Њујорк источниот дел на САД до Лос Анџелес во западниот дел, и вчера излегоа на улиците илјадници лица кои бараат правда и реформи во полицијата.

 



Слични вести