Во воздушни операции на либиската армија во градот Сирте се убиени 10 милицајци на Хафтар

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну истакна дека во реализирани 3 воздушни операции во градот Сирте се уништени еден топ, едно оклопно возило и две наоружани возила, а воедно се убиени и 10 припадници на милицијата на Хафтар

1430955
Во воздушни операции на либиската армија во градот Сирте се убиени 10 милицајци на Хафтар
libya askerler.jpg
libya ordusu.jpg
libya mayin patlama.jpg

Во реализирани воздушни операции од страна на либиската армија во градот Сирте се убиени 10 припадници на милициските сили на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.

Според објавеното соопштение од профилот на операцијата „Вулкан на гневот“ на социјалните медиуми, официјалниот портпарол на либиската армија полковник Мухамед Кунуну истакна дека во реализирани 3 операции од страна на воздушните сили во градот Сирте се уништени еден топ, едно оклопно возило и две возила наоружани со тешко оружје, а воедно се убиени и 10 припадници на милициските сили на Хафтар.

Освен тоа, либиската армија во градот Сирте срушија и едно наоружано беспилотно летало во сопственост на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од чија страна се поддржуваат милициските сили на Хафтар. 

Либиската армија вчера соопшти дека е започната нова операција по име „Патишта на победата“ со која се има за цел да бидат ослободени од милициските сили лојални на Халифа Хафтар градот Сирте, воената база Џуфра и околните населени места.

Вчера од страна на единиците на либиската армија беше ослободено и населеното место Вишке во западниот дел на градот Сирте. 

Либиската армија во градот Терхуне кадешто исто така е воспоставена контролата е запленет магацин со голем број мини на милициските сили на Хафтар.

Во меѓувреме, либискиот премиер Фајез ал-Сараџ се состана со началникот на Генералштабот на либиската армија Мухамед Али Шериф и со регионалните воени команданти кои продолжуваат да постигнуваат победи против милициските сили на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата.

Сараџ со воените функционери направи проценка на преземените безбедносни мерки во ослободените области, евентуалните закани и ситуацијата на теренот.

Од друга страна, во областа Хадба кај главниот град Триполи експлодира поставена мина од страна на милициските сили на Хафтар, пред да се повлечат од областа.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за здравство на либиската Влада се истакнува дека во експлозијата има ранети лица од исто семејство. 

Во соопштението не се дадени податоци во врска со бројот на ранетите во експлозијата и се упатува повик до Министерството за внатрешни работи за стопирање на враќањето на цивилите назад во областа.

За време на сиве овие случувања, Националната институција за нафта на Либија соопшти дека повторно ќе започне производството во нафтеното лежиште Еш-Шерара на југот на земјата, коешто е затворено од јануари.

Претседателот на институцијата Мустафа Саналах истакна дека прекинот на производството на нафта и нанесе голема штета на либиската економија, а воедно информира дека во прва фаза ќе се произведуваат дневно по 30 илјади барели нафта, а потоа во рок од 90 дена се очекува да се премине кон полн капацитет на производство.



Слични вести