Протест во Тел Авив против планот на Израел за анексија на палестинските територии

На протестот, алудирајќи на последните зборови на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот во полициско насилство во САД, беше отворен и транспарент со натпис „Не можеме да дишеме од 1948 година“

1431007
Протест во Тел Авив против планот на Израел за анексија на палестинските територии

Во Тел Авив се одржаа протест против планот на израелската Влада за анексија на незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег и на Јорданската долина.

Некои од демонстрантите кои отворија палестински знамиња носеа маски на кои пишуваше „премиерот на криминалот“, мислејќи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Освен тоа, на протестот алудирајќи на последните зборови на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот во полициско насилство во САД, беше отворен и транспарент со натпис „Не можеме да дишеме од 1948 година“.

Демонстрантите често извикува слогани против анексијата, а отворија и транспаренти на кои пишуваше „Животот на Палестинците е важен“ и „Сопрете го расизмот“.

На протестот во Тел Авив преку видео порака даде поддршка и сенаторот на американската сојузна држава Вермонт од Демократската партија Берни Сандерс.

Сандерс, во својата порака, реагирајќи на планот на Израел за анексија, рече: „Треба да се сопре планот за илегална анексија на било кој дел од Западниот Брег, окупацијата треба да заврши. Треба да работиме за да се обезбеди сите луѓе во Палестина и Израел да живеат под еднакви услови.“

Инаку, во наводниот „Блискоисточен мировен план“ на американскиот претседател Доналд Трамп кој го објави на одржаната заедничка прес конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 28 јануари во Белата куќа, се наоѓаат членови незаконските еврејски населби на Западниот Брег да бидат признати за израелска тероторија, Ерусалим да се признае за неделива престолнина на Израел и управата на Тел Авив да ја продолжи својата власт над Јорданската долина која инаку е палестинска територија.

 



Слични вести