Преглед на состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во САД се зголеми на 112.055, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 986 илјади 642 лица

1430856
Преглед на состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 402 илјади 800 лица, на случаите на зараза изнесува над 7 милиони, а досега оздравеа и над 3 милиони 432 илјади заболени од вирусот.

На прво место со најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД се зголеми на 112.119, на случаите на зараза достигна до 1 милион 990 илјади 109 лица, а досега оздравеа над 750 илјади заболени од вирусот. Епицентар на коронавирусот во САД, макар и со помал интензитет сѐ уште е Њујорк, каде се заразени повеќе од 397.647 лица, од кои 30.396 починаа.

Во Велика Британија, која е епицентар на глобалната епидемија во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 40.465, а на случаите на зараза на 284.868 лица.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 72 лица во изминатите 24 час, се зголеми на вкупно 33.846, додека вкупниот број на инфектираните во земјата со дијагностицирани 270 новозаразени се искачи на 234.801 лице. Досега оздравеа 165.078 лица. 

Во Франција, бројот на починатите од епидемијата со смртта на уште 31 лице во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 29.142 лица, а бројот на случаите на зараза со раст за 579 лица се искачи на 153.634. Досега оздравеа 70.803 заболени од вирусот.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека бројот на човечките загуби од Ковид-19 со уште еден потврден смртен случај во изминатите 24 часа се зголеми на 27.135 лица. Во земјата се регистрирани нови 332 инфектирани со што вкупниот број на случаите на зараза се искачи на 288.390 лица. Во Шпанија продолжува разликата во соопштените податоци од страна на автономните управи и Министерството за здравство во бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19. Најпознатите музеи на Шпанија кои поради епидемијата се затворени 84 дена повторно ги отворија своите врати за посетителите.

Во Шведска, бројот на починатите изнесува вкупно 4.656 лица од кои 24-јца се Турци, додека бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 43.887.

Во латиноамериканската држава Бразил, која веднаш по САД се наоѓа на второ место според случаите на зараза, бројот на инфектираните изнесува 659.114 лица, на смртните случаи се зголеми на 35.456, а досега оздравеа 302.084 лица. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја обвини Светската здравствена организација (СЗО) за „идеолошка пристрасност“ и соопшти дека неговата земја би можела да се повлече од оваа организација.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други земји е вака: Мексико 13.170, Белгија 9.580, Германија 8.769, Канада 7.773, Холандија 6.011, Перу 5.301, Шведска 4.656, Еквадор 3.534, Швајцарија 1.921, Чиле 1.541, Португалија 1.474, Романија 1.322, Полска 1.153.

 



Слични вести