Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, Азија и Африка

Во Русија, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 5.725, на случаите на 458.689, додека досега оздравеа вкупно 221.388 заболени од вирусот.

1430857
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 402 илјади 800 лица, на случаите на зараза изнесува над 7 милиони, а досега оздравеа и над 3 милиони 432 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја од кадешто епидемијата се прошири низ светот, животот го загубија 4.634 лица. Во изминатите 24 часа се регистрирани уште 6 новозаразени со што вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 83.036 лица, а досега оздравеа 78.332 заболени.

Во Иран, повторно дојде до зголемување на бројот на смртните случаи и на новите случаи на зараза така што бројот на починатите се зголеми на 8.291 лица, а на случаите на зараза достигна до 169.425. Провинцијата Хозистан на границата со Ирак е прогласена за „црвена зона“.

Првиот ирански потпретседател Исхак Џихангири соопшти дека од Ковид-19 во земјата животот го загубија 110 здравствени работници.

Во Русија, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 5.725, на случаите на 458.689, додека досега оздравеа вкупно 221.388 заболени од вирусот.

Соопштено е дека Русија која ги сопре меѓународните летови во март, заклучно со 15 јули планира повторно да ги започне летовите со 15 земји. Не беа споделени детали во однос на тоа со кои земји ќе бидат започнати летовите.

Во Ирак, со раст за уште 33 лица во изминатите 24 часа, бројот на смртните случаи се зголеми на 318, а бројот на лучаите на зараза со раст за 1.252 новозаразени се искачи на 11.098.

Во Пакистан, со раст за уште 97 смртни случаи бројот на починатите се зголеми на 1.935 лица и како што се истакнува ова е најголема бројка на починати за еден ден од почетокот на епидемијата. Бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 93.983 лица.

Во Индонезија, бројот на случаите на зараза со раст за 993 лица се зголеми на 30.514 и е регистрирана највисоката бројка на дневно инфектирани во земјата од 2 март кога е утврден првиот случај на зараза во земјата. Бројот на смртните случаи во Индонезија изнесува 1.801 лице.

Владата на Малезија, соопшти дека од 10 јуни ќе почнат постепено да се укинуваат мерките за Ковид-19 и дека ќе започне нормализацијата. Забраната за излегување на улица којашто во рамките на преземените мерки против Ковид-19 во земјата е прогласена на 18 март, како последно со донесената одлука на 10 мај беше продолжена до 9 јуни.

Во Јужна Кореја, животот го загубија 273 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува 11.776. 

Бројот на смртните случаи во некои други источни земји, арапски земји (во Азија и Африка) е вака: Индија 6.946, Бангладеш 846, Саудиска Арабија 712, Катар 51.

 



Слични вести