Поддршка од Русија на декларацијата од Каиро со повик за прекин на огнот во Либија

Специјалниот претставник на рускиот претседател за Блискиот исток и африканските земји Михаил Богданов истакна дека Москва ја поддржува декларацијата од Каиро којашто е соопштена од страна на египетскиот претседател Сиси, Халифа Хафтар и Акиле Салих

1430878
Поддршка од Русија на декларацијата од Каиро со повик за прекин на огнот во Либија

Русија соопшти дека ја поддржува потпишаната декларација во Каиро по прашањето на Либија.

Михаил Богданов, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Блискиот исток и африканските земји, истакна дека официјална Москва ја поддржува декларацијата од Каиро којашто е соопштена по едно по други претртепните загуби на теренот на милициските сили лојални на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.

Богданов во дадената изјава за руската новисна агенција „РИА Новости“ се осврна на прогласената политичка иницијатива од страна на египетскиот претседател Абдулфетах Сиси, Халифа Хафтар и неговиот сојузник претседателот на Претставничкото собрание во Тобрук Акиле Салих кои упатија повик на 8 јуни да се прогласи прекин на огнот на територијата на цела Либија. 

„Ја прочитавме содржината на предлогот на египетскиот претседател, секако дека го поддржуваме секој вид предлог во правец на што поскоро стопирање на судирите.“ - рече Богданов. 

Инаку, по едно по друго постигнатите успеси од страна на либиската армија против милициските сили лојални на пучистот Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар и неговите сојузници, вчера се состанаа во главниот град на Египет, Каиро.

По одржаните разговори, египетскиот претседател Абдулфетах Сиси, Халифа Хафтар и неговиот политички сјузник  Акиле Салих, претседателот на Претставничкото собрание во Тобрук, одржаа заедничка прес конференција на која објавија соопштение по име Декларација од Каиро.

Египетскиот претседател Абдулфетах Сиси во говорот што го одржа на прес конференцијата го рече следното: „Со Хафтар и Салих постигнавме согласност по прашањето на преземање на иницијатива за ставање крај на судирите во Либија. Во рамките на оваа иницијатива упатуваме повик за прекин на огнот на територијата на цела Либија почнувајќи од 8 јуни.“



Слични вести