На антирасистичките протести во Велика Британија и Германија учествуваа илјадници лица

На антирастистичките протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во полициско насилство пред десетина дена во градот Минеаполис во САД, коишто се одржаа во Велика Британија и Германија, учествуваа илјадници лица

1431005
На антирасистичките протести во Велика Британија и Германија учествуваа илјадници лица
almanya floyd protesto.jpg
ingiltere floyd protesto.jpg

Протестите кои започнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во полициско насилство, освен во САД продолжуваат и во другите делови на светот.

На протестот против расизмот во главниот град на Велика Британија, Лондон, учествуваа илјадници лица.

По протестот кој беше одржан во средата, голем број демонстранти се собраа на плоштадот на Парламентот пред Вестминстерската палата и вчера каде што извикуваа слогани „Животот на црнците е важен" и „Нема правда, нема мир", а во своите раце носеа и транспаренти на кои пишуваше „Расизмот е епидемија", „И молчењето е насилство", и „Велика Британија не е невина".

Демонстрантите побараа од британската Влада да ги фрли неопходните чекори за ставање крај на расизмот.

Протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд,беа одржани и во главниот град на Германија, Берлин и во градовите на Минхен и Франкфурт на кои исто така учествуваа илјадници лица.

Германската полиција интервенираше врз големиот број демонстранти кои одбија да се разотидат по протестите. 

Илјадници лица кои се собраа на плоштадот Александерплац во главниот град Берлин, протестираа против полициското насилство и расизмот.

Поголемиот дел од демонстрантите облечени во црно во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Не можам да дишам“, „Животот на црнците е важен", „Не за расизмот", „Сопрете го полициското насилство“ и „Расизмот убива“, како и постери на Флојд.

Демонстрантите му оддадоа почит на Џорџ Флојд со 8 минути 46 секунди молчење во молк посветено на времето колку што полицаецот со коленото притиснал на неговиот врат и притоа останал без здив и починал. 

Во одржаните говори на протестот беше укажано дека лицата по потекло од Африка се подложени на расизам и дискриминација и во Германија и беше нагласено дека не треба повеќе да се остане безгласен против расизмот.

На протестите и во Минхен и Франкфурт исто така учествуваа илјадници лица кои протестираа против полицискоот насилство и расизмот.

Инаку, во инцидентот на 25 мај во градот Минеаполис во сојузната држава Минесота во САД, Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на приведувањето беше подложен на полициско насилство од страна на полицаец кој и покрај тоа што Флојд со минути го молеше велејќи „Не можам да дишам“ притискаше со своето колено на неговиот врат, по што го загуби животот.

Овој настан стана причина за одржување на масовни протести во сите градови на САД кои повремено стануваат сцена и на насилство.

 



Слични вести