Случувањата во Либија

Операцијата „Безбедна земја“ започна на инструкција на министерот за внатрешни работи Фетхи Башага.

1430702
Случувањата во Либија

Министерството за внатрешни работи на Либија соопшти дека започна операција за обезбедување на безбедноста на ослободените зони на источната страна на земјата од нелегалните вооружени групи и приврзаници на Халифа Хафтар.

Во презентацијата на Одделот за операции при Генералната управа на МВР на Либија беше истакнато дека во рамките на безбедносната операција којашто започна за обезбедување на безбедноста на ослободените зони од милицајците на Хафтар, ќе бидат заштитени сите јавни добра и приватни поседи.

Операцијата „Безбедна земја“ започна на инструкција на министерот за внатрешни работи Фетхи Башага.

Либиската армија која во последен период почна да реди низа успеси против милицајците на Хафтар, ја воспостави контролата над Меѓународниот аеродром на Триполи јужно од градот, населените места Ајн Зера, Вади ер-Реби, целиот Триполи и градовите Терхуне и Бени Велид кои се наоѓаат на 90 км југоисточно од главниот град.

Тахир Ес-Сунни, постојаниот претставник на Либија во ОН од Он бараше да започне истрага во врска со труповите на 106 лица меѓу кои имаше жени и деца а кои беа откриени во една болница цо Терхуне.

Во меѓувреме, Либиската армија започна уште една операција која ја нарече „Победоносни патишта“ чија цел е да се ослободат крајбрежниот град Сирте, воената воздушна база Џуфра и населените места во околината.

Портпаролот на армијата Мухамед Кануну упати повик до милицајците кои се наоаѓаат во Сирте и воздушната база Џуфра да го положат оружјето.



Слични вести