Слоганот „Животот на црнците е важен“ напишан на улицата на Вашингтон

Градоначалничката на Вашингтон, Мjуриел Боусер делот на улицата поблизок до Белата куќа го нарече „Плоштад животот на црнците е важен“

1430478
Слоганот „Животот на црнците е важен“ напишан на улицата на Вашингтон

Дополнителните безбедносни сили во Вашингтон кои беа испратени по протестите кои избувнаа по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД, кој во суштина беше жртва на полициско насилство, се враќаат во касарните.

Министерството за одбрана на САД (Пентагон) соопшти дека издаде наредба за враќање на 900 војници и воени полицајци во касарните, а кои беа стационирани во близината на Вашингтон ДС.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со случувањата кои избувнаа по убиството на Џорџ Флојд, на гувернерите на сојузните држави им ја упати следната порака: „Се надевам дека ќе ја повикате Националната гарда, затоа немојте да се стремите да побарате. Исто како што направивме во Минеаполис, можеме многу брзо да интервенираме.“

Трамп на прес коференцијата што ја одржа во дворот на Белата куќа направи проценка на состојбата во земјата.

Алудирајќи на големиот број протести и демонстрации што се случија ширум целата земја, Трамп на гувернерите на сојузните држави им ја упати следната порака: „Се надевам дека ќе ја повикате Националната гарда, затоа немојте да се стремите да побарате. Исто како што направивме во Минеаполис, можеме многу брзо да интервенираме. Тука постогнавме голем успех.“

Трамп во врска со чекорите што беа преземени во однос на популацијата од Африканско потекло го изнесе следното тврдење: „Никој не направи толку многу позитивни работи за црномурестото општество колку што направи Трамп.

Се надевам дека Џорџ Флојд не гледа од небото и вели дека случувањата во земјата се извонредни. Денес е величествен ден за него, величествен за сите. Денес е величествен ден од аспект на еднаквоста.“

Во меѓувреме, градоначалничката на Вашингтон, Мjуриел Боусер на средината на 16-та улица која води кон Белата куќа, со големи букви напиша „Животот на црнците е важен“, додека делот на улицата што е поблизок до Белата куќа го нарече „Плоштад животот на црнците е важен.“

На 25 мај во американската сојузна држава Минесота, поради неповлекувањето на ногата на полицаецот кој го приведуваше, умре Афроамериканецот Џорџ Флојд кој и покрај тоашто викаше дека „не можам да дишам“, полицаецот што го приведуваше не ја тргна ногата од неговиот тил.

Овој настан од тој ден наваму предизвика протести и демонстрации ширум цела Америка, на кои повремено беа забележани и насилства.



Слични вести