Преглед на смртните случаи од Ковид-19 во источните и неразвиени земји во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Азербејџан се зголеми за уште 4 и изнесува 338 лица

1430459
Преглед на смртните случаи од Ковид-19 во источните и неразвиени земји во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 399 илјади, на заразените над 6 милиони 889  илјади, а на оздравените над 3 милиони 376 илјади лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронаирусот (Ковид-19) во последните 24 часа во Азербејџан се зголеми за уште 2 и изнесува 84 лица, додека бројот на заразените се зголеми за уште 379 и изнесува 7 239. Во земјата беше забележан рекорден број на инфектирани за само еден ден поради што за викендот, во Баку и другите големи градови како што се Сумгајит, Генџе и Ленкеран нема да се отвори ниту една продавница вклучувајќи ги маркетите и аптеките.

Бројот на смртните случаи во Молдавија изнесува 323. Во последните 24 часа беа заразени 229 лица меѓу кои 21 здравствен работник, така што вкупниот број на заразени се зголеми на 9 247.

Бројот на смртните случаи во Белорусија изнесува 263, додека бројот на заразените во последните 24 часа од Ковид-19 се зголеми за 883 и изнесува 47 751.

Бројот на смртните случаи во Саудиска Арабија во последните 24 часа од Ковид-19 се зголеми за 31 лице и изнесува 642. Со утврдувањето на вирусот кај уште 2 591 лице, вкупниот број на заразени се зголеми на 95 748. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на борбата против Ковид-19, почнувајќи од денес, мерките се пролонгирани за уште 15 дена. Во градот ќе се спроведува полициски час кој ќе трае од 15.00 до 06.00 часот според локално време, а исто така се откажа клањањето намаз во џамиите, како и нарачување јадење од рестораните и кафетериите.

Бројот на смртните случаи во Јемен изнесува 111, додека бројот на заразените 469.

Бројот на смртните случаи во Иран изнесува 8 209. Претсдетаелот Хасан Рохани рече дека постои голема веројатност епидемијата да потрае подолг временски период, можеби до крајо на годината (според иранскиот календар до март 2021). Затоа сите граѓани на земјата треба да се придржуваат кон мерките и хигиенските правила како што се носење маска и често миење на рацете. Рохани додаде дека не се придружува на ставовите и мислењата дека со затоплување на времето ќе се намали влијанието на Ковид-19, поради што не треба да се залажуваме на неоснованите, ненаучни ставово и погледи, кои не се одобрени од експертите. Секао дека треба да работиме, треба да работат фабриките и продавниците, но исто така со голема одлучност треба да продолжиме и со борбата против епидемијата. Немаме никаков друг избор или некоја втора опција освен наведените услови.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во Индија изнесува 6 649, во Русија 5 725, во Кина 4 634, во Пакистан 1 935, во Бангладеш 811, во Украина 777, во ОАЕ 274, во Јужна Кореја 273, во Катар 49, во Бахреин 22.

Бројот на смртните случаи во Индонезија изнесува 1 801, додека бројот на заразените во последните 24 часа се зголеми за 993 и изнесува 8 30 514. Ова е најголем број на инфектирани во земјата од 2 март наваму, кога беше првпат утврден вирусот.

Бројот на смртните случаи во Африка изнесува 4 942, на заразените 179 309, на оздравените 80 322.

Бројот на смртните случаи во Египет изнесува 1 166, во Јужноафриканската Реублика 908, во Алжир 690, во Судан 347, во Нигерија 222, во Мароко 208, во Камерун 205 и во гана 42.

Во Еритреја и Сејшелите засега нема заразени од Ковид-19, додека од Уганда, намбија и лесото сеуште не се пријавени смртни случаи од Ковид-19.



Слични вести