Благодарноста на САД на Турција регистрирана и во евиденцијата на Конгресот

Џо Вилсон: „Ова е еден вид на соработка од која што имаме потреба во борбата против епидемијата“

1430509
Благодарноста на САД на Турција регистрирана и во евиденцијата на Конгресот

Благодарноста на САД на Турција поради медицинската помош и опрема која што и ја испрати, забележана и во евиденцијата на Конгресот.

Копретседателот на Турско-американската пријателска група на Претставничкиот дом на САД, Џо Вилсон на седницата на Генералното заседание на Претставничкиот дом кој се одржа под претседателство на Ненси Пелоси, одигра значајна улога во службеното забележување на американската благодарност на Турција во евиденцијата на Конгресот.

Вилсон во говорот во оваа прилика подвлече на значењето на медицинската помош од два авиони што ја испрати Турција на сојузничка Америка и рече:

„Ова е еден вид на соработка од која што имаме потреба во борбата против епидемијата. Чувствувам големо задоволство од можноста за соработка меѓу двете земји. Ја користам оваа прилика уште еднаш да и се заблагодарм на Турција за великодушниста во медицинска помош што ја испрати на над 50 земји.“

На инструкција на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Турција на САД и испрати 2 авиони медицинска помош, додека в соопштението кое беше објавено во врска со доставената помош беше истакнато дека истата се состои од 500 илјади хируршки маски, 400 илјади престилки, 2 илјади литри средство за дезинфекција, 500 илјади заштитна опрема и 400 Н95 маски и 1500 заштитни очила.



Слични вести