Билансот на Ковид-19 во светот: Над 399 илјади смртни случаи

Бројот на заразените во светот над 6 милиони 889  илјади, а на оздравените над 3 милиони 376 илјади

1430451
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 399 илјади смртни случаи
koronavirus ispanya.jpg

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 399 илјади, на заразените над 6 милиони 889  илјади, а на оздравените над 3 милиони 376 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД изнесува 111 408, заразените 1 967 273.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Италија се зголеми за 85 и изнесува над 33 774. Бројот на активните заразени со дневен пад од 1 453 се намали на 36 976, додека бројот на заразените со раст од 518 се зголеми на 234 531 лице.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за 46 и изнесува 29 111. Бројот на заразените се зголеми за 611 и изнесува 190 460 пациенти. Претседателот на научниот совет на Франција Жан Франсоа Делфраси рече дека епидемијата во земјата е под контрола. Првпат од 23 мај наваму беше дадено одобрение за колективно клањање на намазот на муслиманите во Франција, поради што вчера по период од три месеци првпат беше клањан и петочниот намаз. Муслиманите коишто живеат во населбата Аржантеј, едно од предградијата на Париз, во џамијата Мевлана на Турско-исламската унија на муслиманската верска заедница (ДИТИБ) првпат по периодот на епидемијата заедно го клањаа петочниот намаз.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на смртните случаи во земјата со раст од едно лице во последните 24 часа изнесува 27 134, додека на инфектираните со раст од 177 изнесува 240 978.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Португалија со раст од 10 се зголеми на 1 456. Бројот на заразените со раст од 377 се зголеми на 33 969. Премиерот Антонио Коста рече дека од 15 јуни повторно ќе се отворат границите и аеродоромите за летовите за странство.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил изнесува 35 047 лице. Изјавата на претседателот Жаир Болсонаро во врска со граѓаните кои ги загубија животите поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) дека „Смртта е заедничка судбина на целиот свет“ беше причина за големи реакции. Инаку Бразил се прифаќа за седиште на епидемијата во Латинска Америка. Болсонаро меѓудругото рече дека народот нема потреба за мислење од надвор потенцирајќи дека САД се повлече од Светската здравствена организација (СЗО). Или СЗО ќе работи без идеолошка основа или и ние ќе се повлечеме од оваа организација.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 40 465. Во Мексико на 13 170, во Белгија на 9 580, во Германија на 8 763, во Канада на 7 751, во Перу на 5 162, во Еквадор на 3 534, во Чиле на 1 448, во Колумбија на 1 145.

Нов Зеланд кој успеа да го земе под контрола ширењето на коронавирусот соопшти дека во последните 15 дена нема новоинфектирани. Инаку во земјата има само еден активен случај на Ковид-19, додека досега од Ковид-19 умреа 22 лица. Оваа земја од 8 јуни се подготвува да ги укине мерките против епидемијата.



Слични вести