Првата погребна церемонија на Џорџ Флојд одржана во Минеаполис

Првата погребна церемонија на Џорџ Флојд се одржа во градот Минеаполис каде што му беше оддадена почит со 8 минути 46 секунди молчење посветено на времето колку што останал без здив пред да ги загуби животот во полициското насилство

1430021
Првата погребна церемонија на Џорџ Флојд одржана во Минеаполис
George Floyd cenaze.jpg

Во градот Минеаполис во сојузната држава Минесота во Соединетите Американски Држави (САД) се одржа првата погребна церемонија за Џорџ Флојд кој го загуби животот во полициското насилство на 25 мај за време на неговото приведување од страна на полицијата.

На погребната церемонија во кампусот на Универзитетот Норт Централ во Минеаполис, заедно со семејството, блиските и голем број граѓани, учествуваа и верски и политички лидери. 

Пред погребната церемонија која се емитуваше во живо од страна на американските медиуми, во моментот кога возилото со ковчегот со мртвото тело на Флојд се доближи до зградата кадешто се одржа церемонијата, шефот на полицијата во Минеаполис Медариа Арадондо и заменик началникот Даве О'конер клекната на колена и му оддадоа почит на Флојд.

Големиот број учесници на првата церемонија на Џорџ Флојд му оддадоа почит со 8 минути 46 секунди молчење посветено на времето колку што останал без здив Флојд пред да го загуби животот во полициското насилство. 

Беа читани молитви, беа испеани побожни песни и семејството и блиските на Флојд, како и некои учесници на церемонијата доживеаја силни емотивни чувства.



Слични вести