Протестите во САД поради смртта на Флојд макар и со смален интензитет продолжуваат

Градоначалникот на главниот град на САД Вашингтон DC Муриел Браузер побара да се повлечат војниците коишто по протестите беа распоредени во околината на главниот град

1429796
Протестите во САД поради смртта на Флојд макар и со смален интензитет продолжуваат
SÜPER FOTO abd olaylar.jpg
ABD protestolar 03.jpg
abd washington.JPG
abd protesto gosteri.jpg
abd gozalti protesto gosteri.jpg
ABD protestolar 01.jpg
SÜPER FOTO ABD PROTESTO.5.jpg
SÜPER FOTO ABD PROTESTO.4.jpg
abd olaylar 10.jpg

Протестите во Соединетите Американски Држави (САД) коишто започнаа по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25 мај кој го загуби животот во полициско насилство за време на неговото приведување во градот Минеаполис, а потоа се проширија во голем број градови низ САД, во макар и со намален интензитет продолжуваат.

Градоначалникот на главниот град на САД Вашингтон DC Муриел Броузер побара да се повлечат војниците коишто по протестите беа распоредени во околината на главниот град.

Боузер на одржаната прес конференција во полициските функционери направи проценка на протестите поради смртта на Џорџ Флојд коишто во последните две ноќи во главниот град поминуваат „без инциденти“.

Во врска со распоредените војници во околината на Вашингтон спремни за интервенција против насилството за време на протестите, Боузер рече: „Војниците кои се дојдени во Вашингтон DC од другите сојузни држави бараме да се повлечат од градот.“

По повикот на американскиот претседател Доналд Трамп во главниот град Вашингтон DC да бидат испратени војници наоружани со тешко оружје и безбедносни сили, почна да опаѓа тензијата на протестите во главниот град и тие продолжија мирно. 

Во меѓувреме, за тројца од четворујцата полицајци кои беа приведени поради смртта на Џорџ Флојд е изречена кауција од 750 илјади долари.

Полицајците Ту Тао, Томас Лејн и Александер Кенг кои се приведени со обвинение за пружање помош и поттикнување (пружаше уточиште) во случајот со смртта на Џорџ Флојд вчера во регионалниот суд Хенепин Каунтри беа изнесени пред суд.

Судијата Пол Скогин на обвинетите им одредеи кауција од 750 илјади долари и истакна дека следното рочиште ќе се одржи на 29 јуни.

Инаку, четворујцата полицајци Ту Тао, Томас Лејн и Александер Кенг, како и Дерек Човин кој за време на приведувањето со минути го држеше Флојд на земја со притискање со коленото на неговиот врат по што го загуби животот, беа разрешени од должност без да поминат 24 часа од настанот.

Полицаецот дерек Човин од страна на регионалното обвинителство на Хенепин беше приведен со обвинение за убиство од трет степен, но потоа откако судскиот процес од страна на губернијата на Минеаполис му беше предаден на главниот јавен обвинител на сојузната држава Кеит Елисон обвинението против него беше отежнато и обвинението беше променето во убиство од втор степен. На тој начин полицаецот Дерек Човин се очеква да добие најмалку 40 години казна затвор.

Во инцидентот на 25 мај во градот Минеаполис во сојузната држава Минесота во САД, 46 годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд за време на приведувањето и покрај тоа што молеше велејќи „Не можам да дишам“ беше подложен на полициско насилство од страна на полицаец кој со минути притискаше со своето колено на вратот на покојниот, по што Флојд го загуби животот.

Овој настан стана причина за одржување на масовни протестиво сите градови на САД кои повремено стануваат сцена и на насилство и грабежи.

Во меѓувреме, во градот Минеаполис во сојузната држава Минесота во Соединетите Американски Држави (САД) се одржа првата погребна церемонија за Џорџ Флојд кој го загуби животот во полициското насилство на 25 мај за време на неговото приведување од страна на полицијата.

На погребната церемонија во кампусот на Универзитетот Норт Централ во Минеаполис, заедно со семејството, блиските и голем број граѓани, учествуваа и верски и политички лидери. 

Пред погребната церемонија која се емитуваше во живо од страна на американските медиуми, во моментот кога возилото со ковчегот со мртвото тело на Флојд се доближи до зградата кадешто се одржа церемонијата, шефот на полицијата во Минеаполис Медариа Арадондо и заменик началникот Даве О'конер клекната на колена и му оддадоа почит на Флојд.

Големиот број учесници на првата церемонија на Џорџ Флојд му оддадоа почит со 8 минути 46 секунди молчење посветено на времето колку што останал без здив Флојд пред да го загуби животот во полициското насилство. 

Беа читани молитви, беа испеани побожни песни и семејството и блиските на Флојд, како и некои учесници на церемонијата доживеаја силни емотивни чувства.



Слични вести