Протест во Австрија поради убиството на Џорџ Флојд во полициското насилство во Минеаполис

Во главниот град на Австрија, Виена, приближно 5 илјади лица протестираа против убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во полициско насилство за време на неговото приведување од страна на полицијата во градот Минеаполис

1430209
Протест во Австрија поради убиството на Џорџ Флојд во полициското насилство во Минеаполис

Убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во полициско насилство во градот Минеаполис во Соединетите Американски Држави (САД) беше протестирано и во главниот град на Австрија, Виена.

Приближно 5 илјади лица кои се собраа на плоштадот за човекови права во Виена во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Не можам да дишам“, „Расизмот убива“, „Не за насилство, да за толеранција“, Австрија има проблем со расизмот“, „Заедничка борба против расизмот и полициското насилство“.

Демонстрантите потоа го блокираа сообраќајот на најпрометните улици на Виена и маршираа кон плоштадот Карлс.

Во одржаните говори на плоштадот беше покажана реакција против растечкото насилство во Европа, како и во САД.

Излагачите привлекоа внимание кон полициското насилство и упатија повик за поефикасна борба против расизмот кој е дојден во дел од секојдневниот живот (во негативна смисла) на малцинствата во Запад.

Инаку, 46 годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд за време на приведувањето на 25 мај од страна на полицијата во Минеаполис, со минути го молеше полицаецот (белец) застанат со колено на неговиот врат велејќи „Не можам да дишам!“, по што го загуби животот во ова полициско насилство. 

По ова убиство почнаа да се одржуваат протести насекаде во Соединетите Американски Држави (САД) коишто повремено стануваат сцена на насилство.



Слични вести