Меркел и Сараџ разговараа телефонски за ситуацијата во Либија

Според објавеното писмено соопштение од страна на портпаролот на германската Влада Стефен Сеиберт, Меркел и Сараџ во телефонскиот разговор ја разгледале актуелната политичка и воена ситуација во Либија

1430247
Меркел и Сараџ разговараа телефонски за ситуацијата во Либија

Германската канцеларка Ангела Меркел оствари телефонски разговор со либискиот премиер Фајез ал Сараџ.

Според објавеното писмено соопштение од страна на портпаролот на германската Влада Стефен Сеиберт, Меркел и Сараџ во телефонскиот разговор ја разгледале актуелната политичка и воена ситуација во Либија.

Германската канцеларка Ангела Меркел го изрази задоволството од тоа што страните се спремни за повторно започнување на преговорите за прекин на огнот под водство на Обединетите нации (ОН) и во правец на постигнатиот договор на Конференцијата за Либија во Берлин.

Меркел истакна дека паралелно на тоа треба да се заживее и процесот на политичка средба и рече дека Германија е спремна да го поддржи тоа.



Слични вести