Либиската армија напредува кон Сирте, Џуфра и нафтените полиња на југот на земјата

Како што се истакнува нови легитимни цели пред либиската Влада чии армиски единици напредуваат пред милициските сили на Хафтар, се градовите Сирте, Џуфра и главните нафтени полиња на југот на земјата

1430312
Либиската армија напредува кон Сирте, Џуфра и нафтените полиња на југот на земјата
libya.jpg
libya ordusu.jpg
hafter silah.jpg

Либиската армија го исчисти центарот на градот Терхуне од милициските сили на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, и ја воспостави контролата во градот.

Во објавеното писмено соопштение од либиската армија се истакнува дека единиците на армијата напредуваат од четири страни на фронтот во Терхуне против милициските сили на Хафтар и дека е воспоставена контролата во центарот на градот.

Либиската армија соопшти дека освен тоа во градот Терхуне е фатен Ријад ал-Кубејир, еден од водачите на милициските сили лојални на пучистот Халифа Хафтар.

Во една болница во градот Терхуне кој е ослободен од милициските сили на Хафтар се пронајдени 106 мртви тела меѓу кои се наоѓале и жени и деца.

Во рацете на либиската армија преминаа големи количини на современо оружје, муниција и возила во вредност од стотици милиони долари коишто им биле испратени на милициските сили на Хафтар од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а кои беа пронајдени во магацините на милициските сили во заземените области.

Како што се истакнува единиците на армијата ги гонат локалните милициски сили Канијат кои војуваат во редовите на Хафтар во градот Терхуне.

Милициските сили лојални на водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија пучистот Халифа Хафтар, градот Терхуне кој се наоѓа на приближно 90 километри југоисточно од главниот град Триполи го користеа како место за реализирање на нападите врз главниот град и како центар за снабдување и обезбедување на своите потреби.

Освен тоа, либиската армија ја воспостави контролата и во населеното место Урбан кај градот Гирјан на 100 километри јужно од главниот град Триполи.

Како што се истакнува нови легитимни цели пред либиската Влада се градовите Сирте, Џуфра и главните нафтени полиња на југот на земјата.

Градоначалникот на градот Бени Велид соопшти дека милициските сили на Хафтар го напуштиле градот.

Од друга страна, во реализиран воздушен напад во градот Мисрата од страна на наоружано беспилотно летало во сопственост на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од чија страна му се доставува поддршка на Хафтар, загинаа двајца војници на либиската армија.

Портпаролот на операцијата Вулкан на гневот која се спроведува од страна на либиската армија Мустафа ал-Меџаи привлече внимание на тоа дека нападот со наоружано беспилотно летало беше извршен истовремено со воспоставувањето на контролата во градот Терхуне од страна на либиската армија.

Во меѓувреме, Обединетите нации (ОН) соопштија дека на 3 јуни започнаа преговорите за прекин на огнот во Либија со делегацијата на пучистот Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата.



Слични вести