Либиската армија ја воспостави контролата во градот Терхуне

Либиската армија ја воспостави контролата во градот Терхуне кој се наоѓа на приближно 90 километри од главниот град Триполи

1430006
Либиската армија ја воспостави контролата во градот Терхуне

Либиската армија го исчисти центарот на градот Терхуне од милициските сили на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, и ја воспостави контролата во градот.

Во објавеното писмено соопштение од либиската армија се истакнува дека единиците на армијата напредуваат од четири страни на фронтот во Терхуне против милициските сили на Хафтар и дека е воспоставена контролата во центарот на градот.

Либиската армија соопшти дека освен тоа во градот Терхуне е фатен Ријад ал-Кубејир, еден од водачите на милициските сили лојални на пучистот Халифа Хафтар. 

Како што се истакнува единиците на армијата ги гонat локалните милициски сили Канијат кои војуваат во редовите на Хафтар во градот Терхуне.

Милициските сили лојални на водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија пучистот Халифа Хафтар, градот Терхуне кој се наоѓа на приближно 90 километри југоисточно од главниот град Триполи го користеа како место за реализирање на нападите врз главниот град и како центар за снабдување и обезбедување на своите потреби.

Од друга страна, во реализиран воздушен напад во градот Мисрата од страна на наоружано беспилотно летало во сопственост на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од чија страна му се доставува поддршка на Хафтар, загинаа двајца војници на либиската армија.

Портпаролот на операцијата Вулкан на гневот која се спроведува од страна на либиската армија Мустафа ал-Меџаи привлече внимание на тоа дека нападот со нaоружано беспилотно летало беше извршен истовремено со воспоставувањето на контролата во градот Терхуне од страна на либиската армија.



Слични вести